Интервју со Питер Сунде: Луѓето се откажуваат од слободата на Интернет

во Интервјуа

Питер Сунде беше ѕвезда на последната конференција за интернет активизам Engage.mk. Иако е познат како основач на контроверзниот и најпознат торент сајт Pirate Bay, сепак тој е и посветен интернет аквитист. Неговите говори секогаш се интересни, бидејќи секогаш има радикални идеи за како општествениот систем треба да се смени, пред се преку користење на технологијата и Интернетот.

Во интервјуто со Радио МОФ, на чиј сајт ќе најдете и транскрипција; Сунде објаснува дека Интернетот е моќна платформа преку која може да се шири политиката, идеологијата и комуникацијата, и како платформа „доколку ја контролираме, ќе може да го контролираме и менталитетот кај луѓето“. Но, за почеток треба да се осигураме дека Интернетот е фер платформа и фер систем. Тоа за жал не се случува, вели Сунде, бидејќи Интернетот се користи за да се злоупотреби слободата.

„Ова што го правиме е погрешно, сосема погрешно. Оди поѓаволите. Важно е што луѓе се грижат за оваа тема, што работат за слободите што ни се потребни. Но, повеќе се откажуваат, наивни се и мислат дека тоа што се случува е добро“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk