1 коментар 2 мин. читање

Џеј-Зи не се откажува од Tidal, иако музичкиот сервис веќе е оценет како фијаско

Музичкиот сервис на Џеј-Зи, Tidal, можеби има премалку корисници за да биде музички релевантен, но со оглед на тоа дека сервисот собра над 700.000 корисници за еден месец, сè уште е рано неговите основачи да се откажат од него.

Тоа што можеби треба да го загрижи раперот и директор на компанијата, Џеј-Зи, е нeгативниот тренд на апликацијата, која отпада од најуспешните 700 апликацијии, иако има маркетинг поддршка од ѕвездите како Бионси, Мадона и други. Во истиот период најголемите конкуренти на Tidal, Spotify и Pandora се искачија на трето и четврто место според заработката. А да бидат работите полоши Spotify се искачи на листата, во моментите кога Tidal ја започна анти-кампањата против нив.

Сепак Џеј-Зи нема да се откаже и преку серија твитови се обиде да ја пренесе пораката дека не се предаваат, и да објасни дел од предностите на Tidal, пред се за музичарите:

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top