Интервју со Горан Петровски дизајнер на звук на Time on Frog Island

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа

Неодамна студиото Half Past Yellow ја претстави видеоиграта Time on Frog Island. Дел од ова студио како дизајнер на звук е Горан Петровски. Горан развива видео игри веќе 6 години. Започнал во Napnok Games каде работел на Frantics и Chimparty. Во моментов е актуелен со неговата работа во Half Past Yellow и видеоиграта Time on Frog Island. Играта е достапна на сите платформи и може да ја играме на PC (Steam), PlayStation, Xbox и на Nintendo.

Горан Петровски

Во неколку реченици кажи ни нешто повеќе за себе, кој е Горан Петровски? Колку време развиваш видеоигри? Како започна?

Здраво на сите, јас сум Горан Петровски, љубител на видео игри (комодорџија во срце) и дизајнер на звук во Half Past Yellow.

Активно се бавам со аудио за видео игри од 2016, моите професионални почетоци со аудио за видео игри започнаа во Napnok Games каде што работев на наслови како Frantics и Chimparty, претходно се бавев со аудио пост продукција претежно за анимирани и играни филмови.

Некако природно дојде да транзитирам од линеарно кон интерактивно аудио кое повеќе го преферирам и ме држи поблиску до тоа што го сакам.                                    

Кажи ни нешто за Time on Frog Island, колку луѓе ја развивате, колку време е во развој, која е твојата улога во целиот процес?

Time on Frog Island беше во развој речиси две и пол години. На почетокот за време на прототипирањето на играта беа четворица девелопери (основачите на Half Past Yellow) за полека да пораснеме до осуммина. 

Јас сум одговорен за дизајнот на звукот, односно звучната слика на играта. 

Тоа подразбира снимање и обработка на гласови, звучни ефекти, атмосфери итн. како и нивна техничка имплементација преку одредена алатка и обезбедување соодветен микс за целoто аудио во играта, за сето тоа да звучи убедливо, да дојде до полн израз, да е коректно оптимизирано за да не црпи CPU и да ги задоволи техничките барања и стандарди по платформа.

За каков тип на игра станува збор?

Ова е игра со многу отворен простор за истражување и експериментирање. Би ја опишал како “sand box puzzle adventure” со платформинг елементи и “point and click” сензибилитет (ја утепав со описов :)).

Mојот омилен опис го даде нашиот артист кој ја опиша како “point and click” авантура за луѓе со ADHD.

Која е приказната во играта?

Накратко:
Приказната е за морнар кој после тешка бура и бродолом, се буди на остров и го наоѓа својот брод распарчен. Островот е населен со пријателски настроени жаби со кои треба да се пазариш (трампаш) со предмети за да си го поправиш бродот.

Како дојде до соработката со MergeGames?

Ова прашање е повеќе за нашиот CEO, немам многу информации освен дека Merge го препознаа потенцијалот на играта и имаа волја да инвестираат.

Кои се идеалните очекувања од играта?

Се надевам дека сите ќе уживаат во неа. Ние уживавме додека ја развивавме. Едвај чекаме да чуеме што мислат играчите.

Што е следно за Time on Frog Island?

Сега за сега поправање багови и некои минорни апдејти, понатаму ќе видиме :)

Кои ви се плановите за иднина?

Да задржиме фокус и да продолжиме да го правиме она што го правиме.

Веќе имаме идеја за нова игра која почнуваме да ја прототипираме па… Здравје.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk