Sleepagotchi е апликација која по секоја цена сака да направи да спиете добро, под услов да цената е 1 бесплатно NFT секое утро, а 2 ако сте ама навистина спиеле убаво преку ноќ. Да објасниме на што мислиме.
По инсталирање, Sleepagotchi ви поставува цели за спиење кои доколку ги остварите ќе можете да си се почестите со најразлични работи од таканаречената МетаСоба. Секоја „работа“ во МетаСобата е, всушност, NFT, a истите можете да ги разменувате или да ги продавате на останатите корисници.
Секој од овие NFT работи ве наградува со виртуелната валута SHEEP и за да го извлечете максимумот од оваа валута се препорачува да ја поврзете апликацијата со вашиот паметен часовник, кој може да е Apple Watch, Whoop, Xiomi, и слично.
Ете, ем спиете добро ем си добивате NFT со вредност која е онолку голема колку вие ќе си наметнете во вашата потсвест. Шега на страна, идејата е интересна, макар поради информативните извештаи кои ви се сервираат секое утро. Имате и Leaderboards за да да видите кој од заедницата спие најубаво. :)