Интернетот ќе забави заради старата опрема, предупредува Cisco

во Веб, Хардвер

Брзината на прелистување на Интернет во следната недела можеби ќе биде намалена како последица на замена на стариот хардвер, јави Cisco. Проблемот е со старата опрема која стигна до горната граница по бројот на рутирања. Проблемите се забележани минатата недела и се можна најава дека дел од рутерите веќе не можат да го издржат оптоварувањето.

Проблемот настана бидејќи бројот на податоци во „табелата за рутирање“ се приближува до 524.000, а лимитот на моделите на Cisco е 512К или точно 524.288. „512К доаѓа набрзо на целата Земја и тоа веќе следната недела… Повеќе станува збор за главоболка отколку за глобална опасност за Интернет“, вели Џим Кови во својот блог.

Причина за проблемот е растот на Интернет и неприлагоденоста на опремата која подолго време е присутна. Дел од компаниите како eBay, Comcast и Time-Warner гледаат на ова како на причина за проблемите со прекин на услугите кои ги имаа минатата недела.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Nikola
Nikola
11 years ago

На Cisico баѓии им падна продажбата па сега се обидуваат нешто да шитнат. Кинезите ги згазија. :)

DaciSS
DaciSS
11 years ago
Reply to  Nikola

проблемот е во TCAM default лимит од 512K, немора нова опрема доволно е баферот да се згоелми само на 1М (значи дупло).

http://www.cisco.com/c/en/us/support/docs/switches/catalyst-6500-series-switches/116132-problem-catalyst6500-00.html#anc5
6500(config)#mls cef maximum-routes ip 1007

Овојо Интернет проблем (BGP рутирање) не се јави кај Juniper например бидејќи нивниот дифолт бафер е поголем.