0 коментари 1 мин. читање

Прелистувајте со BriskBard

Поголемиот број корисници или одат со Chrome или Firefox за нивните прелистувачки навики. Тука и таму, ќе се најде помала група на Opera или Edge поклоници, како и Brave, The Classic Browser или можеби Slimjet.

Во случај да од ништо од тоа не сте задоволни, би можеле да ги проверите способностите на BriskBard. Се работи за брз прелистувач со едноставен интерфејс, а заснован на истиот енџин како и Chrome.

Неколку причини зошто сме задоволни од втората верзија на BriskBard:

  • Вграден клиент за и-мејлови
  • Флексибилен плеер за репродукција на мултимедијални податоци
  • Алатка за IRC chat
  • Агрегатор на вести
  • Управител со контакти
  • FPT клиент

Најновата верзија на BriskBard се одликува со нов интерфест за повеќе прозорци, како и поефикасно групирање јазичиња и прилагодување со бои.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top