Збунета ајкула ги нападна оптичките кабли на Google на дното на Пацификот

во Свет

Збунета ајкула ги нападна оптичките кабли на Google кои се наоѓаат на дно на Пацификот. Иако изгледа на наивен проблем, Google ќе мора да ги заштити своите подводни кабли, кои го пренесуваат светскиот интернет сообраќај, бидејќи се чини дека нападите на ајкулите се случуваат почесто отколку што некој би можел да претпостави, па стануваат проблем за подводната инфраструктура. Дека не станува збор за едноставен потфат покажува големината од 160.000 километри кабел кој треба да биде заштитен, како и тоа дека Google ги замотува оптичките кабли во кевлар за да ги заштити од нападите на ајкулите, јави Guardian.

Иако останува непотврдено, се шпекулира дека ајкулите се привлечени од електричните импулси.„За разлика од кусите терестријални кабли или старите бакарни кабли кај кoи влакното не емитира забележително поле, подморските кабли мора да доаѓаат со висок напон за подводните репетитори, како последица на ова, околу и по должина на кабелот се јавуват електрично и магнетно поле. Некои од ајкулите ги идентификуваат овие импулси како повредена риба и се обидуваат да се нахранат со кабелот“, објасни Network World.

[youtube]1ex7uTQf4bQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk