Интернет е новиот Гутенберг е новиот интернет

во Статии

Честопати значењето на појавата на интернет се поистоветува со значењето на појавата на Гутенберговата печатница. Аргументацијата зад ова е едноставна: интернетот, како и печатницата, ги омоќува поединците и ја овозможува и забрзува ерозијата на општествените авторитети. Во времето на Гутенберг тоа била католичката црква. Денес тоа се државите.

Сепак, не толку видлива жичка ги поврзува Гутенберг, државите и интернет. Она што е технологија на пропаст за еден поредок, е технологија на раѓање на друг. Роберт Рајт во својата книга „Логиката на човечката судбина“ се осврнува на оваа идеја објаснувајќи дека печатницата мобилизирала и религиска и политичка непослушност. Како резултат фрагментација се случила во религискиот домен, но спротивен процес се случил на политичкиот пејсаж – и нациите-држави се родиле. Централизирањето на политичкиот авторитет во раниот 17 век е основна лекција во учебниците по меѓународно односи. Пред тоа, можеби можело да се каже дека сите луѓе имале еден бог, но немале еден владетел, или барем секако не имале само еден доволно долго. Политичкиот авторитет бил дисперзиран помеѓу кралеви, барони, грофови, витези итн. Сѐ додека не се појавила печатницата. Тогаш, за прв пат во човековата историја, се појавил инструмент за ефикасна комуникација кој можел да мобилизира широки групи на луѓе на основа на нивните сличности кои и понатаму ќе ги хармонизира, и тоа се случувало токму со првите испечатени весници – памфлети до Гутенберговата печатница. Како што вели Рајт, печатницата го засилила националното владеење со креирање на заедничка културна база на голема територија, стандардизирајќи ги обичаите, митологијата и пред сѐ јазикот.

Сега, каква врска има сето ова со интернет? Одоговорот на ова прашање доаѓа од советникот на Барак Обама за информациски и регулаторни прашања – Кас Санстајн. Тој смета дека мејнстрим медиумите (од кои нели голем дел се печатени) мораат да се натпреваруваат за внимание со секој блог, твит или Facebook статус, додека токму ваквата диета на вести создава фрагментација на јавноста во делови кои не се изложени на туѓи гледишта и се слушаат само себе си. Цитиран во „Заробеници на облакот“ – одличен критички осврт на т.н. cloud computing – Санстајн вели дека кога општеството се фрагментира на ваков начин, различните групи ќе се поларизираат на таков начин што од нив може да се изроди екстремизам, и дури и омраза и насилство. Што е за право, фокусот на дискусијата на Санстајн е на лажните гласини што лесно и брзо се шират на интернет и како ти е може да ја ослабат ефетивноста на владата и да го поткопаат нејзиниот легитимитет. Но, колку и добронамерно да звучи идејата на советникот на Обама за совладување на лажни гласини, не можеме а да не се сложиме дека владите честопати и со леснотија преминуваат од добронамерни идеи во злоупотреба на моќ. А спречувањето на еден говор, макар тој бил и целосно неверодостоен, е лизгава патека (која за волја на вистината е разодена на некои места во светот).

Накратко значи, и најсилната држава на светот, преку членови од нејзината администрација, смета дека интернетот е таква технологија што може до некоја мера да доведе до ерозија на авторитетот на државите. Како пример, се разбира, тука се настаните од Арапската пролет каде барем популарно се сметаше дека интернетот одигра клучна улога во делегитимирањето на тамошните влади и нивната подоцнежна смена.

Но, дали нации-држави можат да постојат без униформен гласник кој континуирано ќе го создава чувството на припадност кон поширока заедница, и дали интернет така фрагментирајќи ја јавноста може да го разгради сврзното ткиво на нациите-држави се прашања на кое што можеби нема да најдеме одговор. Од една страна поука може да се влече од католичкото свештенство во раниот 16 век кое сигурно не очекувало дека неколку листови хартија со критика на неговата доктрина набрзо ќе го прекине нивното вековно непредизвикано владение. Од друга страна, продирањето на „клауд-компјутингот“ носи ново (но и веќе видено) чувство на униформност. Како што велат авторите на погоре наведениот текст за облакот, интернет може да се спореди со градови држави или архипелаг на острови: податоците и содржината се распределени на различни сервери. Облакот е Бизмарковото обединување на Германија во кое порано различните политички ентитети се ставаат под централна влада. Тоа што ние воглавно доброволно му се предаваме на облакот, можеби значи дека ни се допаѓа чувството на припадност што тој, како и државите, го нуди. Тогаш можеби треба да имаме и сосема поинакво читање на идеите и иницијативите и на македонската влада за преземање активности на интернет.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајанчо
Трајанчо
9 years ago

Здраво Дамјан, предизвикот од страна на Православните би бил не во однос на моќта и превласта, туку, да речам така – во концептот, во пристапот, предизвикување на она што го нарекуваш религиозна хегемонија. Така што не се работи за истиот модел, православните имале (и уште имаат) друг модел.

Сепак тоа е дискусија за на друго место, она што мене ме интересира е спомнувањето на Македонија во целата приказна, во контекст на последната реченица од текстот.

Трајанчо
Трајанчо
9 years ago

Не се сложувам со коментарот на аналитичарот, погоре, не верувам дека има мандат да зборува во името на сите читатели. Нек си каже за себе само.

Текстот отвара тема, само ја отвара малце чудно: се зборува како да живееме во Франција или Германија, па се спомнува католичка црква, еродирање на религијата и сл., што многу не соодветствува со нашата реалност, т.е. состојбата на Балканот во XV век, просто како да е пишуван за некоја друга публика. Се надевам не е само преведен од некаде, иако доста работи укажуваат на нешто такво.

„Од една страна поука може да се влече од католичкото свештенство во раниот 16 век кое сигурно не очекувало дека неколку листови хартија со критика на неговата доктрина набрзо ќе го прекине нивното вековно непредизвикано владение.“ – извини, да те потсетам – без разлика дали сам го составуваше текстот, или си го превел од некој протестантски автор, како што ми мириса, ама католиците се најбројната верска заедница во светот, така што многу далеку од реалноста е заклучокот за прекинувањето на нивното непредизвикано владение.

Освен тоа, од каде заклучокот за непредизвиканото (подобар превод би ти бил „неоспорувано“) владение? Ќе ти укажам само на Православната Црква која го оспорува тоа „владение“ уште од самиот почеток.

Но, добро, тоа не е поентата на текстот. А поента овој текст неоспорно – има, и тоа битна. И ако авторот авторот на текстов е навистина сериозен да се занимава со оваа проблематика, за почеток би требало да ја изанализира иницијативата на владата точка по точка. Ако се остане само на овој текст, подобро да не бил објавен.

Трајанчо
Трајанчо
9 years ago
Reply to  novica

Здраво Новица, фала ти и на тебе на одговорот. Да, не се спомнува православие никаде, и тоа би рекол дека е пропуст, кога веќе се зборува за „непредизвиканата доминација“ на католичката црква. А има и референци кон протестантизмот, така што остава простор за коментари на таа тема.

Поентата на текстот, ако јас добро те сфаќам, можела да се постигне и без таквиот вовед, но сеедно. Се надевам дека овој текст не е само еден излет и завршена приказна.

дамјан
дамјан
9 years ago

Трајанчо, кога се збори за „непредизвиканата доминација на католичката црква“ се збори за модел на општествено уредување базиран на религиозната хегемонија.

Додека националните држави понудиле сосема нов модел. Православната црква можда ја предизвикувала католичката во однос на моќ и превласт, но тоа бил истиот модел.

Слично и националните држави се предизвикувале меѓу себе покасно.

види ги сите огласи на kariera.it.mk