Веројатно сте ја слушнале фразата „ Сѐ што е на интернет останува на интернет“. Фразата се однесува на концепт дека работите објавени на интернет е многу тешко, ако не и невозможно да се отстранат. Сепак изгледа дека овој концепт не важи за веб-страните. Дури 38 отсто од веб-страниците кои биле достапни во 2013 година денес се недостапни, покажува истражувањето на Pew Research Center.
Истражувањето е направено врз база на податоците од Common Crawl складиштето во период од 2013 до 2023 година. Тимот на Истражувачкиот центар Pew се обиде да открие колку од постоечките страници на сајтовите сѐ уште се функционални. Резултатите покажуваат дека голем дел од страниците кои биле достапни од 2013 до 2023 се отстранети. Дури четвртина од овие веб-страници денес се недостапни. Ситуацијата е и полоша ако се вратиме само неколку месеци во минатото. Над 38 отсто од веб-страниците кои биле достапни во 2013 денес се недостапни. Ситуацијата не е добра ниту во споредба единствено со 2023 година. Дури 8 отсто од страниците од 2023 година денес се недостапни. Истражувањето е направено на речиси 1 милион архивирани страници.
Од 25% страници кои биле достапни во 2013 година, 16 отсто се страници кои се денес недостапни, но се на функционален домен. За останатите 9% не постои ниту доменот.
Ова „исчезнување“ на страниците од интернет се одразува и на останатите страници кои „линкувале“ до нив. Иако сајтовите се одржуваат, дури 23 отсто од порталите за вести имаат некој непостоечки линк. Бројката е нешто пониска на државните сајтови и достигнува 21 отсто. Можеби најдобар показател за „исчезнувањето“ на страниците е Wikipedia. Дури 54% од сите страници имаат барем линк во референците на веб-страница која повеќе не постои. Ова е повеќе од секоја втора википедија-страница.
Во истражувањето на Pew Research Center како недостапни страници се земени единствено оние кои јавуваат „Error 404“. Останатите грешки кои се јавуваат за недостапна страница не се земени предвид.
Имуни на бришење или отстранување не се ниту содржините на друштвените мрежи. Истражувачкиот центар Pew направи помалку обемно истражување кое беше фокусирано единствено на X. По само неколку месеци од објавувањето секој петти твит е избришан, отстранет или приватен. Најчесто, во 60 отсто од случаите промената доаѓа бидејќи профилот е промент во приватен, избришан или суспендиран. Во останатите 40% од случаите профилот е активен, но содржината не е јавно достапна.