1 коментар 1 мин. читање

Обележи и поцртај содржини додека сурфаш со Annotary

Aко имате слични навики со мене додека сурфате по интернет, тогаш на секоја интересна веб страна или статија притискате „Ctrl+D“ за потоа да не може да се снајдете со омилените веб страни. Стартапот Annotary дозволува организирање на страните, но и на содржините кои сте ги обележале.

[youtube]YMPF3Q1zLh4[/youtube]

Покрај тоа што ќе ја зачувате страната, можете и да одбележувате текст и да ставате, условно кажано PostIt белешки, кои ќе ви помогнат да се сетите зошто сте ја отвориле страната или одбележиле текстот. Освен ова вашите белешки ќе можат да ги видат и останатите корисници на Annotary, а и вие нивните.

За почеток ќе треба да го додадете Аnnotary за вашиот прелистувач, со што во прелистувачот ќе се појави Annotary копчето и тулбар. Покрај обележи (bookmark) и „потцртај“, има и копче за споделување на селектираните содржини на друштвените  мрежи, но и можност да ги видите потцртаните содржини од другите корисници.

Екстензијата за Annotery за Google Chrome е споделена на почетокот на текстот, а за Mozilla можете да ја најдете тука.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top