ИТ настан: Како помина најголемиот регионален интернет фестивал WebFest.ME

во Свет, Статии

Во претходните два дена се одржа најголемиот регионален интернет фестивал WebFest.Me. Првиот ден се отвори со панел дискусија во која учествуваа Јошко Мрнџе од Google Adriatic, Дејан Николовиќ – основач на Njuz.net и Иван Брезак Бркан – основач на Netokracija.

Тие го споделија своето искуство, нивните почетоци и рецептот за успешен стартап. Сите започнале од нешто наједноставно, за потоа нивниот продукт да се истакне како доста познат на пазарот. Дејан (Njuz) и Иван (Netokracija) започнале со обично блогирање, за после некое време нивните сервиси го достигнат тоа ниво на кое што се денес.

„Многумина губат ако мислат дека нивната идеја за да опстане мора да биде профитабилна. Како основач, морате да бидете способни да го продадете тоа нешто, инаку нема да заработите ниту денар.“, објаснува Иван во својот настап.

Додека пак, Јошко од Google порача дека тоа што го работиме треба да ни биде забавно. „Доколку не ви е забавно, не ви се исплаќа!“. Како што вели тој, од многуте луѓе со кои се запознал откако почнал да работи за Google, забележал дека тие што се успешни имаат воља да го работат тоа што го работат.

Еден од поинтересните настапи доаѓаат од Чиле која е рај за стартапите. Чилеанската влада го има започнато својот стартап StartUpChile преку кој финансираат бизниси во Чиле. На стартапите им е само потребно да имаат идеја и желба да ја реализираат, а властите ќе инвестираат 400.000 долари. Дополнително ќе средат виза за работа во таа земја од една година. Средствата што ги даваат се неповратни, а ниту пак стартапите се обврзани да вработит некој од Чиле. Задачата е едноставна – стартапите треба да бидат успешни во текот на таа година и да ги мотивираат ги младите Чилеанци.

Личност на денот беше младиот основач на Kiip.me, Брајан Вонг кој остави навистина одличен впечаток кај сите присутни. Се работи за дечко кој прескокна 4 години од образованието и се запиша на факултет на 14 години. На 12 години ја направил пиратската верзија на Photoshop, а денес е еден од најпознатите претприемачи во светот.

Тој на 19 години беше доволно убедлив да ги пронајде своите први инвеститори и во неговиот проект да инвестираат повеќе од 300,000 долари. На присутните им порача дека додека се млади им е шансата.

„Запамтете, само еднаш сте млади… безгрижни сте, здрави, можете повеќе да го оптеретите вашето тело, а вашите конкуренти да ги заплашите со енергијата што ја имате и што се можете да направите.“, објаснува Брајан.

Неговиот настап можете да го погледнете на LiveTV.rs.

При крајот на првиот ден, Лизабет Дебор од SEDO која зборуваше за важноста на интернет домените и .me како одлична домен екстензија и дека .me се наоѓа во првите 10 најпродавани домени за претходната година. Крајот на денот го забележа Ведран Бајер од Google кој зборуваше за иновациите во Google. Тој исто така покажа и две гаражи од кои започнала промената на светот, а тоа беа гаражите на денешните компании Google и Apple.

„Тоа што го правите, не го градете за денес или утре, туку нешто што би било функционално барем во следните 5-10 години.“ беа неговите зборови.

Втор ден

Во вториот ден беше прогласен и победникот на стартап натпреварот, а тоа е MediaToolKit за кој веќе пишувавме и тие ќе земат учество на TechCrunch Disrupt во Њу Јорк.

Овој ден го отвори Жозе Фонтанхас од португалската WordPress заедница. Жозе зборуваше за полисите за приватност и дека многу мал број на корисници се свесни што стои позади сајтовите како Facebook, Twitter, Google и што тие прават со нашите податоци. Тој на публиката и постави едно навистина интересно прашање кое помалку ги загрижи и сите присутни.

„Што ќе се случи кога ќе го снема Facebook или ќе стане нешто друго?“.

Сигурно никој не сака туку-така да ги изгуби своите фотографии, па го сподели неговото решение да користите HUB кој ќе ги врати сите податоци кои ги поставуваме на различните сервиси. Исто така, ги искритикува црногорците бидејќи немаат сопствена верзија на WordPress, додека сите останати земји во регионот имаат (посетете го mk.wordpress.org).

Втор на сцената се појави Милош Милошевиќ, коосновач на Flека и Mosquito.me и еден од ретките претприемачи во Црна Гора. Apple фан-бој кој зборуваше за самиот развој на мобилната апликација Mosquito и како на почетокот сакал да направи печатено издание кое би им користело на сите туристи и би ги содржало сите информации за местата што најчесто се посетуваат. Го напомени и проблемот со кој се сретнал при собирањето на потребните информации за својот проект, а му биле од голема важност за апликацијата. Бидејќи веќе позади себе имал еден пропаднат проект кој бил налик на Flickr, уште пред тој да постои, па не сака да има уште една неуспешна приказна позади себе.

Повторно учество зема Иван од Netokracija и сега тој зборуваше за тоа дека „сè е содржина“, но и сподели што е важно во таа содржина. Не е се во пишувањето, туку и како да го привлечете читателот да го отвори вашиот пост и да го прочита. Секако важен е насловот, но на крај е важно и да ја доловите поентата на целиот ваш текст.

„Не е се во тоа што ќе напишете, не е во тоа што вие планирате, не е ниту во фотографијата што ќе ја споделите. Тоа е пораката што сакате да ја пренесете на публиката!“, објаснува Иван Брезак Бркан.

Хаакон Виум Лај од Opera, еден од пионирите на интернет кој го предложил концептот за CSS, зборуваше за промените на интернетот и покажа конкретен пример како се развивал дизајнот низ различни интернет прелистувачи. Ги прикажуваше страниците кои се кодирани во HTML и CSS како се прикажуваат на различни прелистувачи.

Без многу двоумење, уште на стартот истакна дека Internet Explorer е прелистувачот што го успорува развојот на вебот и неговите стандарди. Тој изрази грижа за вебот поради самиот развој на апликации кои ја заменуваат неговата улога. Хакон сака тоа да го промени и прикажа начин како CSS3 може да го промени вебот. Покрај сето ова, тој предвидува и дека вебот ќе опстане (барем) уште во следните 500 години, со што и го заврши својот говор по кој следуваа еден куп прашања.

Дефинитивно и жените земаат голем замав на интернетот и технологијата. Хајди Харман е претприемач уште од својата 8 година кога преземала филмови и игри од интернет, и ги продавала на луѓето. Има завршено бизнис школа во Данска, но сепак одлучила да се занимава со технологијата. Досега има неколку стартапи позади неа. Почнувајќи од една апликација налик на Foursquare, па вториот стартап кој бил поврзан со електронските потписи на договорите и други документи. Има уште неколку стартапи во своето портфолио, а последен е GeekGirlMeetUp кој е направен за гик девојките кои се интересираат за интернет, технологијата и иновациите. Пораката што таа сака да ја сподели е WTF која го објаснува на малку подруг начин, односно „WTF е ова, може и подобро“.

Овој фактор се отсликува во тоа дека одредени работи се подобруваат и претрпуваат промени. Тоа што таа го порачува е да одлучите со своето срце. Крајот од денот го заокружи Рат Бусе од SEOmoz, која зборуваше за важноста на SEO оптимизацијата. Според некои истражувања, таа тврди дека 80 посто од луѓето кликнуваат на линковите што се наоѓаат одма после некоја реклама. Сподели неколку корисни сајтови кои може да им бидат од помош на SEO почетниците и кои алатки би можеле да ги користат.

Сите настапи од двата дена можете да ги погледнете на LiveTV.rs.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Nenad
Nenad
10 years ago

Boris, ako sakas da se zanimavas so web novinarstvo zapomni deka starite principi vo novinarskoto izvestuvanje vospostaveni uste vo vremeto na gutenbergovata pecatnica vazat i vo denesnoto IT novinarstvo-koj, koga, kade, sto, zosto i kako! Od tvojov izvestaj ne moze da se razbere koga i kade se odrzal nastanot za koj pisuvas! Imas mal priracnik za novinarstvo vo sekoja knizara-toplo ti go preporacuvam da go kupis i se pridrzuvas na pravilata vo tvojata idna rabota. So srekja!

Boris Kuzmanov
10 years ago
Reply to  Nenad

Благодарам на критиките, баш ќе го видам тоа што велиш.
Инаку, веќе имам пишувано за овој настан, но сум испуштил да го линкувам во текстот – http://it.com.mk/webfest-me-2012-e-najgolemata-re…. Сепак ова ми е прв еден така огромен текст, следен пат ќе биде подобро. :)