Спречете ги децата да посетуваат одредени сајтови со URL Disabler

0 коментари 1 мин. читање

Често се случува да не можеме да ги контролираме прелистувачките навики на децата. Во такви ситуации, многумина би помислиле дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. URL Disabler е алатка која спречува одредени веб сајтови да се вчитаат во прелистувачи како Chrome, Firefox и Microsoft Edge.

Во случај да вашето дете постојано „виси“ на Facebook, YouTube, Instagram или слично, можете да ги блокирате тие сајтови така што ќе ја внесете адресата и ќе кликнете на плавото копче – Add. На располагање имате и примери од неколку веб сајтови кои инстантно можете да ги блокирате. Едноставно изберете ги од менито со примери и кликнете на зелената икона. Со URL Disabler можете и да изберете само одредени прелистувачи да блокираат одредени сајтови. Нормално, сè што сте блокирале во едно време можете да го одблокирате подоцна.

url disabler blocking option
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед