Конкурентите ARM и Qualcomm нудат чипови кои ги поддржуваат сите комуникациски опции како WiFi, Bluetooth, 3G, 4G. Сега Intel со аквизацијата на одделот за безжични решенија на Infinion ќе можа да прави свои чипови кои ќе поддржуваат 3G можност. Infinion изработува 3G чипови за Apple iPhone и iPad и Samsung Galaxym. Оваа технологија ќе се користи во Intel-овите лаптопи и паметни телефони, но и во таблети и идни мобилни уреди.
„Како што повеќе уреди работат и се поврзани на Интернет, така ние се ангажираме да го поставиме Intel да може да извлече корист од се поголемиот потенцијал на секој компјутерски сегмент, од лаптопи до мобилни уреди.“ вели директорот на Intel, Пол Отелини.








Каков е тој "везжичниот оддел"