Хардвер од оваа недела Intel го објави проблемот со процесорите, AMD доцни, Apple работи на уреди со флексибилен екран

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Image courtesy of AMD

Летото продолжува, а вестите поврзани со хардвер и натаму се малку и не премногу интересни. Оваа недела двата најголеми производители на чипови за декстоп објавија вести за проблеми со чиповите, а неофицијално Apple работи на уреди флексибилен екран.

Проблемите на Intel не се завршени

Чиповите на Intel од 14-тата и 15-тата генерација имаат сериозен проблем. Чиповите се нестабилни и системите паѓаат. Производителот вели дека проблемот е пронајден уште пред неколку месеци, но и по толку време сѐ уште нема решение. Поради ова дел од корисниците започнаа да се сомневаат дека проблемот не може едноставно да се надмине. Intel дополнително придонесуваше за ова со необјавувањето на причината за нестабилност. Оваа недела Intel објави дека компанијата ја лоцирала причината за нестабилноста и решението ќе биде достапно до средината на август.

Нестабилноста е присутна и кај најмоќните процесори Core i9 13900K и 14900K. Оверклокувањето на овие процесори и повисоката фреквенција придонесуваат за поголема нестабилност. Сепак, ниту ова не е сигурно. Она што е поинтересно, го дознавме благодарение на ентузијазмот на Level1Tech.

Тој собираше податоци од крашувања на видеоигри и откри дека проблемот е почест отколку што првично се претпоставуваше. Како што откри Level1Tech нестабилноста не е ексклузивна за оверклокуваните процесори, туку и оние кои работат со фабрички нагодувања имаат проблем. Тој се сомнева дека проблемот е во тоа што Intel испорачал дефектни чипови, и веројатно половината од чиповите би можеле да бидат проблематични.

Официјално од Intel причината за повисокиот напон кој ја предизвикува нестабилноста е микрокод (microcode) алгоритамот. Intel вели дека ќе издаде закрпа која ќе го надмине проблемот. Како, и дали воопшто ова ќе влијае на перформансите на процесорите ќе видиме по објавувањето на закрпата.

Колку подолго продолжи овој проблем и колку подолго нема одговор од Intel толку е поверојатно дека корисниците ќе се префрлат на AMD.

Нашиот совет барем до објавувањето на деталите од Intel e ако купувате нов процесор одберете AMD.

GM се откажа од автономното комбе

General Motors направи промена во својата стратегија за автономни возила. Компанијата го одложи производството на своето Cruise Origin автономно комбе на неодредено време. Одлуката доаѓа во услови на серија предизвици, вклучувајќи регулаторни пречки во дизајнот на возилото и стравување за безбедноста.

Cruise Origin, е футуристичко возило без традиционални контроли за возење, требаше да биде лидер во автономниот транспорт. Сепак, сложената законска рамка за автономен  дизајн засега е значителна пречка. Во октомври 2023 Калифорнија ја суспендираше дозволата за автономно возење за Origin поради стравување за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Дополнително, на одлуката на GM влијаеа и високите трошоци поврзани со развојот и производството на Origin.

Наместо Origin GM сега ќе се концентрира на развојот на следната генерација на електричното возило Chevy Bolt. Компанијата престана да го произведува возилото на крајот на минатата година поради замена на старите батерии. Тогаш немаше најава за ново возило, но сега компанијата најави дека сепак Bolt не е целосно пензиониран, пренесе Engadget.

За жал паузата за Cruise Origin е лоша вест за технологијата на автономни возила која постојано се обидува да се пронајде во законските рамки.

Apple ќе претстави телефони со флексибилен екран?!

Аpple продолжува да работи на телефони со флексибилен екран јави Information. Сепак, ако се надевате дека ова ќе биде вашиот нов уред ќе мора да ве разочараме. Телефонот нема да излезе ниту оваа, а ниту следната година. Најрано ќе биде достапен во 2026 година, а ако Apple не е сосем задоволен, нема да биде прв пат да откажат некој уред.

Според изворот на Information, телефонот ќе се превиткува по помалата страна како Samsung Galaxy Z Flip. Телефонот засега сѐ уште е во рана фаза на развој, но Apple ги има првите договори со добавувачите. Компанијата во моментов работи на начин кој ќе го спречи оштетувањето на екранот на местото на превиткување.

Аpple не е заинтересиран единствено за телефоните. Компанијата работи и на уред налик на MacBook кој ќе доаѓа со еластичен екран. И овој уред би можел да биде достапен од 2026 година.

Samsung Galaxy Buds 3 инспирирани од Apple и добри

Иако се инспирирани од најголемиот конкурент Galaxy Buds 3 и Galaxy Buds 3 Pro нудат одлично искуство, пред сѐ за корисниците на Samsung. Ова е заклучокот за слушалките на Samsung на Engadget.

Слушалките нудат одличен квалитет на звук, најмногу благодарение на неколку нови технологии како „two-way speakers“ и „dual amplifiers“. „Noise cancellation“ кој го користат не е најдобар, но ја врши работата и ја намалува бучавата на околината. Двата модели доаѓаат со корисни функции како што се адаптивниот EQ и гласовните команди, кои го подобруваат корисничкото искуство.

Сепак тешко е да се игнорираат сличностите во дизајнот со AirPods. Дополнително, додека Buds 3 Pro нуди врвно аудио искуство, стандардниот Buds 3 можеби нема да биде толку конкурентен. За оние кои се дел од екосистемот на Samsung, Buds 3 Pro е одлично решение. Но за оние кои го бараат апсолутно најдоброто решение во анулирање на бучавата, или квалитет на звукот од аспект на аудиофил, други слушалки се значително подобри.

Најголем недостаток на слушалките е што не успеваат вистински да се разликуваат од конкуренцијата надвор од нивната интеграција со уредите од Samsung. Ова треба да биде доволна инспирација да продолжите да барате слушалки ако интеграцијата со Samsung не ви е клучна мотивација.

Поради претпазливост Ryzen 9000 ќе доцни 2 недели

Производителот на чипови AMD најави дека долгоочекуваната серија Ryzen9000 ќе доцни неколку недели поради проблеми со квалитетот. Компанијата открила дека првата серија на произведени чипови има проблеми со квалитетот, па сега ги менува за да обезбеди најдобри перформанси и доверливост.

Поради одлагањето Ryzen 5 и Ryzen 7 моделите излегуваат на 8 август, а Ryzen 9 моделите ќе излезат една недела подоцна на 15 август. Ryzen 9000 процесорите требаше да излезат на 1 август. Помеѓу нив беше и 16-јадрениот Ryzen 9950 за кој AMD тврди дека е најмоќниот десктоп процесор.

Проблемот не е со процесорите, туку со тестирањето, кое резултирало мал дел од процесорите да не го задоволуваат стандардот за квалитет на AMD.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
DeJaVu
DeJaVu
4 months ago

Покрај доцнењето од едно 2 недели со информацијава за проблемите со Интел процесориве, статијата е објавена со стара информација. После волтажата како потенцијален проблем, во игра влезе и можна оксидација – https://www.youtube.com/watch?v=gTeubeCIwRw
А после неколку дена беше и потврдена – https://www.youtube.com/watch?v=OVdmK1UGzGs

DeJaVu
DeJaVu
4 months ago

Потврдена е и оксидацијата од страна на интел, во последното видео буквално во првите 10 секунди е таа информација.

Едит: Да, демек не влијаела оксидацијата на нестабилноста, али кој ги знае, не би им верувал. Пошто во тој случај се работи за нешто што неможат да речат дека го корегирале со микрокод апдејт, него ќе мораат да менуваат процесори.

Last edited 4 months ago by DeJaVu
види ги сите огласи на kariera.it.mk