Има ли е-трговија во Македонија? Статистиката е поразителна…

Tilla.mk е првата бесплатна веб продавница од проектот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Интересно, иако овој проект беше најавен како „100 веб продавници за 100 македонски бизниси“, ИТ министерот Иво Ивановски најави дека сепак се избрани најдобри 31 бизнис планови, односно ќе има само 31 веб продавница, не 100, кои МИОА ќе ги креира и ќе им обезбеди едногодишен бесплатен хостинг.

Проектот на ИТ министерството (за администрација) има за цел да ја стимулира е-трговијата, односно да ги мотивира локалните бизниси да „излезат“ на веб и да ги искористат бенефитите на интернетот за да дојдат до повеќе корисници, и да ги мотивира корисниците да купуваат онлајн од за-нив-препознатливи локални брендови. Но, за развој на е-трговијата во Македонија ќе треба многу повеќе од едногодишно бесплатно хостинг решенија. Само 31 веб продавница, наместо планирани 100, ни открива многу за (не)интересот на локалните бизнисите да се впуштат во електронска трговија.

Во промовирањето на е-трговијата воопшто не помага ни што МИОА го изоставиле доменот на продавницата на Tilla во своето соопштение, ниту пак помага за довербата во е-трговијата што сајтот не е ни достапен (во моментов на пишувањето) иако е претставен пред јавноста. Но, барем има слика од сајтот.

Што ни откриваат статистиките за е-трговијата во Македонија?

Само 4,3 отсто од корисниците со пристап до интернет направиле нарачки преку интернет, односно купиле производ или платиле за услуга, се вели во најновото истражувањето од 2012 на Државниот завод за статистика.

Според МИОА, бројот на веб продавици се зголемил од десетици пред година-две до 250 оваа година. Но, ако се погледне статистиката од 2011-та, ќе се забележи дека нема никаков пораст во интересот на корисниците да купуваат онлајн. Имено, пред година дена само 4,1 отсто од корисниците купиле производ или услуга. Од 2011-та до 2012 година има пораст од само 0,2 отсто што е навистина поразително.

Разочарување има и ако го погледнеме деловниот сектор, бидејќи таму ќе забележиме пад во е-трговија во последните две години. Во текот на 2011 година, 8,9% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи. Веб-продажба реализирале 5,3 отсто, а веб-купувања вршеле 4,8 отсто од деловните субјекти.

Но, споредено со бројките од 2010-та година, се забележува пад од 1,6 отсто во веб продажбата, или во 2010-та година околу 6,9 отсто од деловните субјекти имале веб-продажба. Пад од 2,3 отсто има и во веб-купувањето, или во 2010-та година 7,1 отсто од деловните проекти испратиле нарачки за купување на услуги и производи.

Решение?

За е-трговијата во Македонија треба промоција на локалните продавници и да се влее доверба за безбедноста на тие .мк сајтови, пример треба да бидат достапни кога ќе бидат претставени. Треба и едукација на локалните бизниси да знаат дека ќе треба да понудат нешто што кориснците не може да го најдат само два чекори подолу во уличката кај локалниот продавач.

Наместо МИОА да креира веб страници (т.е. веб продавници), може да стартува фонд кој ќе стимулира креирање на локални македонски ИТ стартапи кои ќе се доволно мотивирани да креираат веб и, пред се, мобилни сервиси, за да го разбудат интересот кај корисниците. Не само што локалните стартапи ќе помогнат во развојот на веб и мобилното присуство на македонските локални бизниси, мобилното е многу важно да се остане во тек со равојот во ИТ индустријата, туку ќе креираат цела нова сцена на локални стартап идеи и решенија кои ќе треба да бидат доволно конкурентни да излезат надвор од Македонија и да се надеваме да ги повлечат локалните бизниси со нив.

И не, давање на ваучери од „250 ЕУРА“ на студенти не е решение со кое се мотивира креирање на стартап. НЕКА ИМ СЕ АИРЛИЈА!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
10 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Емилија
Емилија
13 years ago

Здраво на сите,

Забележителен е значителен раст на продажбата и отварање на интернет продавници во Македонија во 2012. Според статистиките проценката одприлика до 2014 е ваква:
10% во US до 2014,
14% во EU до 2014

Во Македонија порастот растот е можеби 30% повеќе за разлика од лани, а воедно и интересот.

Статистиките ги превзедов од најголемата група за Интернет Трговија во Македонија и Балканов, на LinkedIn:
"Интернет Продавници, Web Shops, еCommerce" , која брои преку 700 членови.
Линкот е: http://alturl.com/5u823

Поздрав,
Емилија http://www.ukion.mk

Александар
Александар
13 years ago

Според статистиките на Grouper и Kolektiva е-трговијата во Македонија итекако е во подем.
Јас лично познавам голем број на луѓе што за прв пат купиле нешто преку интернет токму на тие сајтови.
Од друга страна има голем број на луѓе кои купуваат на странски сајтови од причини што некои производи ги нема на нашиот пазар (книги на Амазон, авио-билети и сл.)

Трајанчо
Трајанчо
13 years ago

Работата е да продадеш од Македонија, а не да купиш од странство. Капиш?

Ларсон
Ларсон
13 years ago

Проектот сепак неможе да го потцените бидејќи сепак 31 онлајн е-продавница не е за потценување бидејќи досега ги немало воопшто ова е добар напор да се пробие ваквиот пазар. Малце е мислам претерано да се каже дека ова не е доволна мотивација, сите имаме идеии како би било подобро ако требале вака требале така мислам дека малце треба да се видиме кај сме што сме. Нема потреба да претеруваме. МИОА мислам дека прави некој напори, не треба да ги потценуваме. Значи не сме народ кој за се мора да даваме остри критики.

DDD
DDD
13 years ago
Reply to  Ларсон

Ако нема критики нема да има напредок во опшеството

Zoki
Zoki
13 years ago
Reply to  DDD

Correct! A za zal rabotata e so MKD e mal pazar, i mal del od tie se na internet, i uste pomal del od niv imat pari za kupvanje online..

Трајанчо
Трајанчо
13 years ago
Reply to  Ларсон

Ларсон go home.

Zoki
Zoki
13 years ago

Abe kakvi web prodavnici be, kaj nas vistinski prodavnici nemozat da uspeat a kamoli elektronski…
Nas ocajno ni treba intergiranje vo Paypal, ama izgleda toa na nekoj ke mu steti.

A za web hosting? haha, neka odat neka se otepat tie so mu tekna ova prekrasna motivacija.. za 200-300 denari mesecno ako ima nekoj so ke se motivira, epa bravo i za nego i za cela drzava!

to e.. ostaeni sme sami na volcite da ne jadat.. :/

Super post btw Viktor!

Иле
Иле
13 years ago
Reply to  Zoki

Србија дозволува промена на законот со цел да се интегрира во PayPal шемата… но ние очигледно сами сме си пречка, од страв да не се носат надвор парите, никој ни да зуцне

Zoki
Zoki
13 years ago
Reply to  Иле

So?! Srbija da ne vleze vo PP? Ne mi se verva deka e od strav da se nosat parite nadvor, oti dosega mozi nemozea da se nosat :) Drugo e rabotata sigurno..