Microsoft потврди дека ќе го интегрира Windows Live Messenger во Skype

0 коментари 1 мин. читање

Microsoft потврди дека ќе го интегрира Windows Live Messenger во Skype, информацијата доаѓа на блогот на Skype. Транзицијата ќе биде направена во следните месеци, а веќе е започната со Skype 6.0 за Mac и Windows.

„Нашата цел останува да овозможиме најдобра можна комуникација на сите и насекаде. Сакаме да се фокусираме на едноставноста и постојаното подобрување на искуството. Ќе го повлечеме Messenger во сите држави во првиот квартал на 2013 (промена нема да има во Кина, каде Мessanger ќе продолжи да се користи).“ е информацијата на блогот на Skype.

Интеграцијата нема да дојде без предности. Ќе се зголеми поддршката за повеќе платформи вклучувајќи и iPad и Android таблет компјутери. Сепак главната предност на Skype ќе остане иста: инстант пораки, видео разговор, разговори со мобилна и фиксна телефонија, и сето тоа на едно место.

Заедно со ова ќе дојдат и споделувањето на „екранот“, видео разговори со мобилни телефони, со Facebook пријатели и разговори на повеќе корисници.

Се што треба да направите е да ја симнете најновата верзија на Skype и да се најавите со вашиот Microsoft профил, потоа Skype и Messenger профилите ќе се спојат во Microsoft профилот, каде ќе ви бидат синхронизирани и WLM контактите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед