Hyperloop е концепт за нов револуционерен јавен превоз замислен од Илон Маск, визионер и извршен директор на Tesla Motors и SpaceX. Спoред г. Маск, Hyperloop може да се објасни како како спој помеѓу Конкорд, електромагнетен топ и маса за „Air Hockey“. Планот на овој нов јавен превоз, односно алфа верзијата, ќе биде објавен јавно на 12 август, по што ќе следат сугестии и совети за понатамошно развивање.
„Новиот систем е нешто што не може да има незгода, да не биде пореметен од временските услови, и е од три до четири пати побрз од возовите… Се движи со средна брзина која е двапати побрза од брзината со која се движат авионите.“, објаснува г. Маск во интервју за The Next Web.
Hyperloop ќе се напојува со соларна енергија, а според најавата ќе создава повеќе енергија отколку што троши, па доколку ја акумулира оваа енергија ќе може да вози 24 часа без разлика дали е ден или ноќ. Засега целиот проект е мистерија. Сепак Wired вели дека станува збор за мрежа од пневматски цевки слична на таа која ја користеле банките во 1900 година. Покрај ова кабините ќе бидат поставени на шини, а ваквото возило нема да има проблем со триење и отпор на воздухот. Со оглед на тоа дека сите кабини ќе се движат по тунели ќе нема ниту шанси за судири.
Will publish Hyperloop alpha design by Aug 12. Critical feedback for improvements would be much appreciated.
— Elon Musk (@elonmusk) July 15, 2013
Според креаторот, возилата ќе стигаат од центарот на Лос Анѓелес до центарот на Сан Франциско за 30 минути. Моментално ова патување трае помеѓу шест и осум часа со автомобил.







