Хардвер од мината недела: Ford подобар од очекувањата, Gigafactory во Германија започна со работа

Минатата недела кога хардверот е во прашање баш немаше премногу нови уреди. Неколку вести од светот на електричните возила, нов OLED телевизор од LG, а Microsoft ја претстави технологијата зад својата Surface Hub 2 паметна камера. Добра вест е дека оваа недела Nvidia има презентација, па хардверот ќе биде многу поинтересен.

Ford F-150 Lightning може да помине над 500 километри со едно полнење

На тест возењето F-150 Lightning, новиот електричен пикап камион на Ford се покажа толку добар што ги надмина и ветувањата на производителот. Проценката на Ford беше дека стандардниот модел ќе помине 370 km со едно полнење на батеријата, а надградениот модел ќе може да извози 483 километри. Првите тестови на F-150 Lightning покажуваат дека моделот со проширена батерија успеал да помине 515km.

F-150 Lightning е првиот електричен пикап камионет на Ford. Компанијата го претстави возилото во мај 2021. Во серијата има повеќе различни модели, а основниот модел доаѓа за 40000 долари. Разликата барем кога екстра батеријата во прашање е околу 10000 долари.

Секако веќе има возила во истата класа кои возат подалеку со едно полнење, но Ford е значително поевтин од овие возила. На пример електричниот Hummer EV Edition 1 има радиус на движење од 529 km, но чини 110000 долари, и веќе е распродаден…

Излегоа првите Tesla возила од германската фабрика

Tesla ги испорача првите 30 Model Y возила произведени во Gigafactory во Германија. Ова официјално го одбележува и почетокот на работата на фабриката. До неодамна за европскиот пазар возилата се произведуваа во фабриките на Tesla во Кина. Отсега автомобилите на Tesla кои ќе се продаваат во Европската Унија ќе бидат произведувани во оваа фабрика.

https://www.tesla.com/de_DE/tesla-gallery

Планот е до крајот на 2022 година да се произведуваат помеѓу 5000 и 10000 возила неделно. Конечниот капацитет на производството би требал да биде 500000 возила годишно и батерии со капацитет од 50 GWh.

Првите 10 возила произведени во новата фабрика на сопствениците им ги предаде Илон Маск.

LG претстави 42-инчен OLED TV за 1399 долари

LG ги претстави новите серии на телевизори кои излегуваат во 2022 година. Компанијата претстави куп телевизори. Во OLED серијата ги видовме G2, C2, B2, и A2 телевизорите. Телевизорите ќе доаѓаат во различни големини G2 е флегшип моделот во оваа серија и доаѓа со најосветлен екран од LG досега.

Моделот C2 е наменет за гејминг. Поточно LG се надева дека 42-инчниот телевизор со 4К резолуција ќе биде замена за монитор за десктоп гејминг. Огромен телевизор за 1400 долари можеби ќе биде интересен додаток за некои од гејмерите, но овој телевизор ќе биде достапен подоцна, со испорака која е закажана за мај. Телевизорите од C2 серијата доаѓаат во повеќе големини 83-инчи; 83-инчи; 77-инчи; 65-инчи; 55-инчи; 48-инчи и 42-инчи.

Ако 42C2 моделот е најмалиот, на другата страна од спектарот го имаме 97-инчниот G2 модел. Овој модел засега нема цена и доаѓа под името G2 Gallery Edition. Помалиот 83-инчен модел OLED 83G2 се продава за 6500 долари.

Како е направена Surface Hub 2 Smart Camera

Оваа недела Microsoft откри детали за тоа како ја направија својата прва паметна камера. Камерата доаѓа со вештачка интелигенција и дел од нејзините функционалности се можноста да разликува глава, тело, ликови… Оваа функционалност на камерата и овозможува автоматски да се прилагоди, и сите во конференциската сала да бидат видливи. Овде дополнително помага и широкиот агол на покривање од 136°.

Камерата може и да компензира и за изместувањето предизвикано од положбата на камерата во однос на објектот кој го снима.

Она што веројатно е и поимпресивно, е што сите промени се прават директно на камерата; ниту сликата се праќа негде на обработка во облакот, ниту до процесорот на компјутерот.

Surface Hub 2 Smart Camera доаѓа со 12MP сензор (4000х3000), f/1.8 и креира 4К-слика.

„Отидовме во Нов Зеланд бидејќи имаа нула случаи на СОВИД-19, a имавме канцеларии таму. Најмивме актери и актерки да собираат податоци во различни простории. Нашиот сет на податоци е апсолутно огромен“, вели Стивен Батиче од Microsoft во интервју за Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments