0 коментари 3 мин. читање 16 јули, 2013

Четири тајни зад дизајнот на заразната iOS игра Dots

Dots за iOS има едноставен, чист дизајн и гејмплеј од само 60 секунди во кои спојувате обоени точки. Но, тоа што ја прави топ игра во 20 земји е што е неверојатно заразна игра. Ако сте ја играле еднаш, шансите се дека ја имате сè уште на телефон и ја играте од време на време возбудени дека може да направите подобар резултат, да зберете повеќе поени за да го стопирате времето за 5 секунди или да исчистите цели редови со точки во иста бои. Betaworks One, студиото зад апликацијата, вели дека околу 50 отсто од луѓето кои ја симнале Dots ја играат барем еднаш неделно по меѓу четири и пет партии. Но, дали сте се запрашале што е тоа што ве влече кон оваа игра? Таа не е нешто ново што досега не сме виделе, ниту пак ви дава вредни награди. Имате точки и собирате поени. Толку.

Инженерот кој ја направи апликацијата, Патрик Моберг, за Wired вели дека успехот и долгиот век, што е тешко да се достигне за видео игра, се должи на неколку дизајн принципи кои го олеснуваат играњето, ја прават играта интуитивна и нова, и не ги замара играчите со непотребни работи. Еве ги тие четири принципи:

  • Почни полека, гради од тука. Идејата е да се тргнат сите функционалности од играта кои не се неопходни. Пред стартување на Dots, Betaworks тргнале половина од опциите кои биле додадени за да ја поедностават играта.
  • Премногу споделување може да биде заморно. Иако играта требаше од старт да има мултиплеер, аркадни модови со различни потешкотии, сепак Betaworks се откажа од нив бидејќи со нив ќе требаше да се додадат куп информации да ја објаснат апликацијата. Според г. Моберг, трендот да има туторијал при првото стартување на апликациите може да биде напорно за корисникот и да го одбие од играта. Toa што во Dots не се објаснети покомплексни спојувања на точките е намерно, бидејќи му дава на играчот чувство дека открива нешто ново.
  • Одржувајте ги работите што е можно поедноставно. Dots има едноставен и чист дизајн, и играњето е интуитивно. Мерете ја едноставност со тоа „колку бргу може да ги објасните правилата на друг“. Ако целите во вашата игра да има цртани карактери, тогаш ќе треба да размислите дали стриповите се привлечни само за одредена група на гејмери. Затоа бидете неутрални бидејќи „неутралниот дизајн дозволува играчите сами да си додадат свој наратив во играта“, вели г. Моберг.
  • Целите кон безвременост. Која ја дизајнирале Dots, тоа што било во мислите на инженерите е да ја направат да биде игра на која може да и се вратите во било кое време, кога и да посакате.
Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top