Како изгледа интервју за работа во DOGE?

Додека DOGE на чело со Илон Маск агресивно ја намалува федералната работна сила, а во исто време самиот оддел активно вработува.

DOGE, претходно познат како американската дигитална служба, неодамна интервјуираше кандидати и нудеше највисоки владини плати.

Процесот на вработување на DOGE се состои од пет фази, кои обично се завршуваат во рок од две до три недели. Започнува со краток 15-минутен телефонски повик за проверка со регрутер, по што следува техничка задача што кандидатите имаат три дена да ја завршат. Успешните кандидати потоа продолжуваат со две одделни технички интервјуа со персоналот на DOGE.

Последната фаза е интервју за вработување, каде што кандидатите се информираат за видот на работа што би можеле да ја преземат доколку бидат вработени.

Според моменталниот тренд, DOGE вработува софтверски инженери, DevOps специјалисти и менаџери на проекти на нивоа од GS-13 до GS-15, со плати кои се движат од 120.000 до 190.000 долари – слично на минатите стапки на USDS.

Сепак, некои членови на DOGE без искуство во владата заработуваат еднаква или повисока плата од долгогодишните федерални службеници, пишува Wired.

Изработка на едноставна веб-страница за анализа на федералните регулативи од eCFR и да ги направи поразбирливи за потенцијална дерегулација.

На веб-страницата на DOGE е наведено дека тие бараат да вработат „таленти од светска класа“ за работни места со полно работно време. Тие ќе бидат насочени кон намалување на отпадот, измамите и злоупотребите. Овие отворени работни места се наменети за софтверски инженери, менаџери за производи, дизајнери, адвокати, научници за податоци и сајбер професионалци.

За разлика од поранешната US Digital Service, која нудеше над 20 области на експертиза, DOGE нуди само 11 – изоставувајќи области како што е пристапноста.

Поранешен вработен во USDS изјави дека ова намалување на експертизите сигнализира голема промена во приоритетите на DOGE, што веројатно одразува помал акцент на улогите поврзани со различноста, еднаквоста и инклузијата.

Неодамна, и самиот Маск најави намалување на неговото учество во владата на САД, откако неговата компанија Тесла забележа огромен пад на профитот и продажбата на автомобили.

Милијардерот и моментално најбогатиот човек во светот го предводеше DOGE од минатата година, непосредно по победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, улога што го стави во центарот за намалување на федералните трошоци и намалување на работните места во, како што честопати го опишуваше, “преобемниот“ јавен сектор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk