8 коментари 1 мин. читање

Игри на Seavus влегоа помеѓу финалистите на BestAppEver Аwards

Yatzi Ultimate и Black Jack Ultimate се двете iOS игри на македонската софтверска компанија Seavus кои се најдоа помеѓу финалистите на BestAppEver наградите, кои се организирани од 148Apps и Steel Media Network.

BestAppEver натпреварот има околу 114 категории кои вклучуваат неверојатни различни мобилни игри, од игри со коцки во кои е номинирана Yatzy Ultimate на Seavus, и казино игри во кое е Black Jack Ultimate, до категории за најдобри детски, едукативни игри и игри кои најдобро го користат хардверот. Победниците ќе бидат прогласени на 26-ти февруари.

Од двете апликации на Seavus, поуспешна е Yatzi Ultimate која, според компанијата, се игра од 1,2 милиони играчи од целиот свет, а најмногу во САД и Скандинавија. Играта има и одличен рејтинг од корисниците и е достапна бесплатно на iTunes.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top