Foursquare ја лансираше својата посебна iPhone апликација која ќе им ја олесни работата на админите и одржување на нивните бизниси, објавување на написи, активирање на специјална понуда и општи информации за нивните корисници.
Апликацијата им овозможува на корисниците да објавуваат фотографии преку својот телефон или статуси, како и да ја споделуваат таа содржина со своите пријатели на Facebook и Twitter.
Покрај тоа, администраторите од сега ќе може да активираат и деактивираат посебни понуди кои ќе ги нудат на своите клиенти, што навистина многу ќе им го олесни уредување на страниците, додека тоа до сега можеше да се направи само преку веб.
Апликацијата Foursquare for Business можете бесплатно да ја симнете од iTunes.