4 коментари 1 мин. читање

Apple ќе продава iPad со 128 GB простор

Од следната недела Apple ќе го пушти во продажба iPad 4 со Retina дисплеј кој ќе има 128 GB простор. Ова е скоро двојно повеќе од 64-те GB кои беа максималниот простор на досегашните верзии на популарниот таблет компјутер. Помалите верзии имаат 16 и 32 GB простор.

Цената на верзијата со 128 GB со само Wi-Fi поддршка ќе биде околу 800 долари, додека 64 GB верзијата ќе биде 700 долари, односно 600 долари за 32 GB простор и 500 долари за 16 GB простор. Верзиите со Wi-Fi и 4G LTE ќе бидат поскапи за по 120 долари.

Сепак ова не е „iPad 5″ за кој се шпекулира дека ќе се појави до почетокот на летово, туку е само подобрена верзија на iPad 4, што значи дека други хардверски делови ќе бидат исти. Таблет компјутерот ќе има 9,7-инчен Retina екран, А6X процесор, FaceTime HD камера, iOS 6.1 и пристап до над 300.00 native апликации за iPad.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top