Хрватскиот Rimac Automobili обезбеди нови, рекордни инвестиции од половина милијарда евра

На почетокот на јуни Rimac групацијата ја затвори најголемата инвестициска рунда досега во Хрватска – над половина милијарда евра. Водечки инвеститори во новата рунда се инвестициските банки Softbank и Goldman Sachs.

Доколку досега не сте запознаени со 34-годишниот Мате Римац и неговата веќе светски позната Rimac Automobili – во која инвестираа голем број на инвеститори меѓу кои и Porsche и KIA , прочитајте ги нашите претходни текстови на темата.

Мате Римац

Со над 500 милиони евра ова е најголема инвестициска рунда за Rimac досега. Средствата ќе бидат искористени за продолжување на иновациите во производството, зголемување на производните капацитети и дополнителни вработувања на постоечките 1.000 вработени. Последната инвестициска рунда не само што е поголема од сите досегашни, туку е поголема од сите инвестиции заедно во Хрватска. Со ова вредноста на Rimac, хрватскиот стартап лоциран во Света Недеља во Хрватска и официјално надмина 2 милијарди евра.

Кампусот на Rimac Automobili во изградба – моментална ситуација

Кампусот на Rimac Automobili – проектирана ситуација

Судејќи според најголемите инвеститори во оваа „Series D“ инвестициска рунда, на Rimac се повеќе се гледа како на технолошка и иновативна компанија. Јапонскиот инвеститор Softbank главно инвестира во компании кои работат со технологија, енергија и во финансискиот сектор.

Пред речиси една година Rimac Automobili се преструктуира и се преименува во Rimac Grupa. Под новиот бренд излегоа две компании. Bugatti-Rimac е креирана со спојување на производниот дел на Rimac Automobili со Bugatti. Компанијата е во заедничка сопственост на Rimac Group 55% и Porsche 45%. Под оваа компанија се Bugatti Automobiles и Rimac Automobili. Втората компанија Rimac Technology е компанија за истражување и развој, и таа е 100% во сопственост на Rimac Group.

„Rimac има амбициозни планови за раст во следните неколку години. Воодушевени сме од поддршката на новите значајни инвеститори кои веруваат во нашата визија како SoftBank Vision Fund 2 и Goldman Sachs Asset Management. Благодарни сме им и на Porsche и InvestIndustrial кои одиграа важна улога во нашиот досегашен успех и ја зајакнаа својата поддршка со нови инвестиции.

Сакаме брзо да ја зголемиме Групацијата, да воспоставиме нови производствени процеси за да ја задоволиме глобалната автомобилска побарувачка; да регрутираме нови  700 талентирани членови на тимот во 2022 година; да отвориме нови канцеларии на неколку локации низ Европа; и да ги прошириме нашите производствени капацитети во кампусот и пошироко. Поддршката на нашите стручни инвеститори ќе бидат непроценлив водич низ оваа непозната територија. Би сакал лично да им се заблагодарам и на сите наши вработени. Без нивната напорна работа, лојалност и ентузијазам за визијата на Rimac, ние немаше да бидеме овде денес“.

Инвеститорите го гледаат потенцијалот и брзиот раст на индустријата за производство на електрични возила. Rimac е една од водечките компании кога се во прашање електричните возила, но и батериите за електричните возила. Токму технологијата која ја поседува хрватскиот производител е една од причините за партнерствата со Porsche, Hyundai, Automobili Pininfarina, Koenigsegg и Aston Martin. Засега производството е далеку од посакуваното, но кога капацитетот ќе биде завршен компанијата ќе може да испорачува десетици илјади компоненти годишно.

Благодарение на развојот и технологијата, но и на влезот на странски партнери интересот за Rimac е огромен. Компанијата може да се пофали дека расте и бројот на странци кои сакаат да работат во Rimac.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Не знам дали само мене овоа со електричниве коли ми е скроз промашено. Поготово кога ќе видам како после 2035та планирале да ги укинат моторите на внатрешно согорување. Имаат ли тие памет колкава инфраструктура треба за да се префрли светот на струја? Друга работа е полнењето на батериите и производството на батерии. Две клучни работи кои во моментов се релативно слаби. Никој не сака да чека пола саат до саат на супер полнач да полни батерија.

одговори 3 лајкови

Абе ќе се навикнеме до 2035 :) ќе имаш полнач во секоја гаража, кога ќе паркираш ќе си ја приклучуваш и тоа е тоа.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk

одговори 1 лајкови

Абе ќе се навикнеме до 2035 :) ќе имаш полнач во секоја гаража, кога ќе паркираш ќе си ја приклучуваш и тоа е тоа.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk

да но колку луѓе имаат гаражи низ скопје или во друга метропола низ европа? Ова делува убаво све како некој утописки филм каде што све функционира океј, али у пракса не испаѓа така.

одговори 1 лајкови

Само фелерваген TDI батиња...

одговори 9 лајкови

Не знам дали само мене овоа со електричниве коли ми е скроз промашено. Поготово кога ќе видам како после 2035та планирале да ги укинат моторите на внатрешно согорување. Имаат ли тие памет колкава инфраструктура треба за да се префрли светот на струја? Друга работа е полнењето на батериите и производството на батерии. Две клучни работи кои во моментов се релативно слаби. Никој не сака да чека пола саат до саат на супер полнач да полни батерија.

Абе „шо не е.ат„. Како си замислиле - така ќе направат.
Кој не праша нас за било што. Во Америка барем прават собири - протести - ги сослушуваат. Овде може да дремеш ко вол у шатор две-три години - нема ни поглед да свртат кога ќе излагаат со тоа Пасатите и Мерцедесите од собрание...

одговори 2 лајкови

само нердови се ложат на овие работи, паметните ја гледаат практичната страна. А у пракса, возење ЕВ е права фрстрација кога ќе останеш без сок во батеријата.

одговори 1 лајкови

Само фелерваген TDI батиња...

Обавезно и еден екстра на трупчиња, за делови...

одговори Лајк

само нердови се ложат на овие работи, паметните ја гледаат практичната страна. А у пракса, возење ЕВ е права фрстрација кога ќе останеш без сок во батеријата.

За практичноста на ЕВ не се сомневам . Боље е нели кога нема да капе уље - поедноставно е Се. Сепак технологијата е толку сложена (претворувачи , конвертери , специјални ефикасни ел-мотори) и доколку не се вградени компоненти со врвен квалитет - дефекти ќе има на тони. А сервисери квалификувани и добри - јок , скапо УПМ. А нормално за да ја намалат цената - мора да почнат понеквалитетни компоненти да вградуваат - секое ново ЕВ што ќе излезе - мачка во вреќа .
Само на основа на тоа не ми се допаѓа .
А за квалитетот на батериите и да не почнувам ...

ја зборам у практична смисла за полнење. Замисли си идеш дома од работа уморен утепан начисто и батеријата истрошена, бараш полначи на гугл мапс и дремеш ко мисир таму 30 минути минимум и тоа ако има брзо полнење. А да наточиш гориво ти е 3 минути преку сила.

Настрана друга работа што ова е све политички испланирано. Во ЕУ конкретно само 12% од стакленичките гасови се од возила. Така да замисли колку промашена е целава работа. Целава работа е некои играчки за нердови со многу пари да му ги опнеш на народот што нема леб да јаде.

Настрана што една батерија кошта над 5,000 долари, и тоа за хибрид како Приус, можам да замислам колку е една батерија за Тесла. А сите знаеме, кад тад батеријата ќе цркне. Не е ова некоја нова технологија што не ја знаеме па да не можеме да предвидиме што ќе биде по 5 години со неа.

одговори 3 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
64 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments