Rimac и Bugatti се спојуваат во Bugatti Rimac

во Вести

Rimac Automobili официјално ја формализира соработката со Bugatti. Компанијата се преструктуира и реименува во Rimac Grupa. Креирана се две нови компании кои ќе бидат дел од групацијата. Првата Bugatti-Rimac е креирана со спојување на производниот дел на Rimac Automobili со Bugatti. За истражување и развој е креирање друга компанија – Rimac Technology.

Најголем дел од уделот во Rimac Grupa има Мате Римац, 37 отсто, Porsche има 24 отсто, а Hyundai 12 отсто. Што се однесува до Bugatti-Rimac, Rimac Grupa поседува 55 отсто од компанија, а Porsche 45 отсто. Во креирање на компанијата најпрво сопствеништвото на Bugatti ќе биде префрлено од Volkswagen во Bugatti Rimac, а потоа акциите ќе бидат префрлени на Porsche.

Седиштето на Bugatti Rimac ќе биде во Света Недела, на неколку километри од Загреб. Ова секако се неверојатен развој на настаните, имајќи предвид дека Rimac постои од 2009 година, но првото возило кое беше наменето за продажба Concept One ги претставија во 2016.

„Ова е возбудлив момент во кратката, но бурна историја на Rimac Automobili. Поминавме низ многу работи во кус период, но овој проект ги подига работите на ново ниво. Rimac и Bugatti совршено се надополнуваат“, вели Мате Римац.

Bugatti и Rimac остануваат посебни брендови

Компаниите ќе продолжат да ги произведуваат возилата кои ги произведуваа и досега. Rimac ќе ја произведува Nevera, а Bugatti ќе продолжи да ги произведува Chiron и Veyron. Секако возилата на Bugatti ќе се произведуваат со технологија на Rimac. Развојот на Bugatti ќе започнува во Света Недела, но возилата и натаму ќе се склопуваат во погонот во Молшејм, во Франција, пренесе Netokracija.

Крилото за развој Rimac Technology е развојниот дел за нови технологии и тој останува во целосна сопственост на Rimac Group. Технологиите кои се развиваат ќе бидат продавани на клиентите на компанијата.

Со формирање на групацијата се намалува уделот кој Мате Римац го имаше во компанијата која ја основа, но за возврат го добива Bugatti. Кога минатата година се појавија шпекулации дека Rimac ќе го купи Bugatti се шпекулираше дека Porsche ќе добие 49 отсто учество во хрватскиот производител. Со договорот компанијата добива 45 отсто учество, но само во производствениот дел. Учеството на Porsche во групацијата останува непроменето.

Ова секако се возбудливи вести за Rimac Automobili и за хрватската автомобилска индустрија која со присуството на Bugatti добива присуство на навистина импресивен бренд.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk