Спонзорирано

Јava трендови и технологии: ажурирања за 2022 година

Спонзорирано од Symphony Solutions

во Вести, Софтвер, Спонзорирани

Неверојатно е што Java толку долго високо котира меѓу врвните програмерски јазици и платформи, а веројатно е и постара од некои од програмерите што ја користат. Во 2021 година, сè уште е во топ 5 според анкетата за  програмери на StackOverflow.

И сето тоа благодарение на иновативноста на Java технологиите. Со развивањето на платформата се задоволуваат потребите на заедницата и светските трендови во индустријата. Java е во чекор со архитектурата без сервер, науката за податоци, IoT и реактивното прорамирање. 

Тимот на Symphony Solutions Java го анализираше и го претстави својот избор на најновите Java технологии и светските трендови за развој на софтвер кои влијаат на платформата. Ајде да видиме што точно се бара, што останува важно и кои се некои од целосно новите предвидувања.  

Машинско учење со Eclipse Deeplearning4j 

Eclipse Deeplearning4j  станува популарно во денешно време. Тоа е библиотека за машинско учење напишана во Јava за употреба во JVM. Нејзиниот прв преглед е објавен во март, 2020 година. 

Развиен е  специјално за употреба во JVM, но е компатибилен е со други JVM јазици. Eclipse Deeplearning4j се смета за рамка на високо ниво што се користи за градење невронски мрежи. Ова значи дека алатките ви даваат овластување да извршувате широк опсег на задачи кои имаат врска со групирање и класификација на податоците, како и анализа на податоци за предвидувања на високо ниво (на пр. временска прогноза, предвидувања на берзата итн.)

Eclipse Deeplearning4j се користи за сајбер безбедност за откривање на измами или аномалии, што го прави непроценлив за употреба на fintech, е-трговија, и други сектори кои бараат зголемена безбедност за заштита на чувствителни податоци. Може да се интегрира со други ML платформи (RapidMiner, Weka, Prediction.io). Некои од интересните случаи на употреба вклучуваат преквалификација и распоредување модели во JVM микросервиси, мобилни уреди, IoT итн. 

Нови функции во Java 14 и 15

Java 14 и 15 воведоа нови функции кои овозможуваат попрецизен и почист код, олеснувајќи им го животот на Java програмерите ширум светот. Ова им овозможува да се фокусираат на создавање на најголемата вредност без да се изгубат меѓу кодовите и да не заглават во бескрајна документација.

Некои од новите фунцкии што беа воведени и треба да бидат на вашата листа се:

  • Record е нов тип на класа воведен во Java 15 за да се намали бојлерплејт кодот и да се олесни создавањето на непроменливи податочни објекти.
  • Switch expressions се воспоставени како стандардна функција уште од Java 14, и сега може да ја врати вредноста и да се додаде на соодветната променлива. 
  • NullPointerExcerption е уште една функција на Java 14 која е чекор напред во дебагирањето, бидејќи ги посочува нулта променливата и исклучокот.
  • Hidden classes, воведени во Java 15, се корисна функција за прорамерите кои работат со динамичен бајт-код или JVM јазици.

Всушност, секој Java програмер веројатно би можел да ви каже за нивните  нови функции воведени во изданијата на Java од 12 до 17  , со оглед дека сигурно има нешто да се одбере од Oracle што објавува ново LTS издание на секои две години, веднаш по кварталните ажурирања на претходно воведените верзии. Иако најмногу се користи Java 8, најновите верзии стекнуваат поголем интензитет на употреба во 2021 година. 

Java Concurrency 

Java concurrency е уште една популарна технологија во Java. Конкурентно програмирање значи дека повеќе програми или апликации можат да работат истовремено, поддржано од мултитрединг и синхронизација. Тоа е лесен процес кој овозможува пристап до податоци од различни нишки, кои во Java го прават патот кој се следи при секое извршување на некоја програма.

Нишките се креираат од Java виртуелната машина додека е активен програмот. Таа може да работи со повеќе нишки истовремено за да работи Java апликацијата. Конкурентноста зависи од другите процеси што работат во оперативниот систем – бројот на нишки што можат да работат истовремено во нормален процесор зависи од бројот на процесори во системот, додека апликацијата со голем волумен може да работи илјадници нишки со графички процесор без прекин. 

Java concurrency помага во подобрување на капацитетот на програмот и во оптимизирање на процесот. Како резултат на ова, можете паралелно да работите на делови од програмот и да го намалите времето што е потребно за побрзо да се заврши задачата која одзема многу време и тоа без намалена ефикасност.

Што ќе го замени Spring Boot

Spring Boot сè уште е најактуелната рамка базирана на Java што се користи за создавање на микросервиси. Ја стекна својата популарност поради постепената крива на учење и едноставноста на интеграцијата со други рамки на Java. Но, набљудуваме и нови рамки кои допрва ќе станат актуелни и кои може да станат алтернатива. Рамки кои се полесни и кои работат подеднакво или пак подобро од Spring Boot.

Vert.x

Vert.x е уште една лесна алтернатива на Spring Boot од Eclipse. Се користи за градење реактивни апликации кои се издржливи и високо скаланбилни. Vert.x се базира на асинхрон и неблокирачки модел на извршување. Исто така, поддржува употреба на повеќе јазици. Кога се споредува Vert.x со Spring Boot во една од нашите последни написи првата е многу подобра во однос на брзината на обработката на истовремени барања, користењето на процесорот и меморијата. 

Azure е конкурент на AWS

Забележуваме постојан раст на популарноста на Microsoft Azure како конкурент на AWS. Можеби ве интересира што има врска со трендовите на Java.

Кога станува збор за cloud computing, Java e изборот поради леснотијата на користење и можното извршување на истата програма на различни платформи. Но, ова го прави изборот потежок за Java програмерите кои сакаат да го извлечат максимумот од клауд услугите. Засега, AWS e  избор на мнозинството, иако и Azure е чекор до создавање поголема база на обожаватели. Всушност, Microsoft Azure тесно соработува со Java заедницата на обезбедување ресурси и алатки за Java програмерите кои сакаат да работат со клауд апликации.

Java програмерите може да изберат Azure поради следниве причини:

  • Интеграција на Windows.
  • Вградени алатки за аналитика.
  • Силно решение за PaaS.
  • Високо визуелен и лесен за користење интерфејс (потребно е малку или без кодирање).
  • Веродостојно складирање и безбедно шифрирање на податоците.
  • Активна библиотека за Java.
  • Целосно управувана клауд инраструктура. 
  • Алатки за континуирана интеграција и диплојмент. 

Која и да е причината да се одлучите за Microsoft Azure, поентата е дека ја исолнувате вашата цел. И како што покажува праксата, Azure има растечка популарност меѓу стартапите и независните продавачи на софтвер и го користат повеќе од 95% од компаниите на Fortune 500.

Ретроспектива на Java технологии и трендови: 2018 – 2019 година

Java 10 и Java 11

Нашата листа на најновите Java технологии за 2018 година започна со Java. Тоа беше периодот кога Java започна да издава нови верзии на секои шест месеци наместо на три години. Брзи изданија значат повеќе иновации. Исто така, значат помалку разлики помеѓу верзиите и покомплицираната долгорочна поддршка (LTS). Затоа Oracle одлучи да обезбеди LTS на секои шест изданија или на три години. Но, за жал, ова се однесува само на договорот за комерцијална поддршка од Oracle. Јавните ажурирања и другите изданија ќе се ажурираат само на шест месеци  додека не излезе следната верзија. . 

Java 9 беше првата инкрементална верзија, а во 2018 година излегоа уште две: Java 10 и Java 11. Java 10 која беше објавена во март 2018 година, вклучува интерфејс за локални променливи и нов интерфејс за мемориско ѓубре. Овие фунцкии требаше да го олеснат пишувањето на Java апликации. Но, иновациите во Java технологиите не застанаа тука. Java 10 има подобрен JVM кој ќе го олесни користењето на Docker контејнерите. Java 11, објавена во септември 2018 година, ги има сите функции споменати погоре, и дополнително на ова е првата поддршка на LTS од Java 8. Следната LTS верзија ќе биде објавена во септември, 2021 година. 

Само смирено и научете Kotlin

Kotlin има високи шанси да стане програмерско чудо. Според  Stack Overflow Survey 2018, Kotlin беше вториот најомилен јазик меѓу програмерите. Во 2021 година, интересот за овој јазик е сè уште голем – спаѓа во првите 15 на листата на најомилени јазици меѓу програмерите, иако интересот е малку намален. Тимот на Symphony Solutions Java веќе ја даде својата заслуга за овој програмски јазик.

Јазикот беше дизајниран да го сакаат програмерите на Java. Тој е 100% интероперабилен со Java кодот, толку многу што класите испишани во Kotlin може да се помешаат со класите во Java  и така решението ќе функционира беспрекорно. Сериозно, секоја Java библиотека може да се користи во Kotlin. И откако системите на  многу огромни претпријатија и андроид апликации користат Java, новиот и лесен Kotlin е подарок за Java програмерите. 

Иако можеби мислите дека тоа е само уште еден јазик на Java Virtual Machine, Kotlin е дизајниран од JetBrains, компанија која знае нешто од нешто  за совршениот Java IDE. Kotlin e развиен имајќи ги предвид недостатоците на другите јазици на JVM. Тој е експресивен јазиј (читај: помалку склон кон грешки) кој не е толку опширен како Java. Неговите класи на податоци и список на операции го намалуваат бојлерплејт кодот. Kotlin нуди функции безбедни од поништување и фунцкии од повисок ред што сите програмери на андроид ќе ги ценат.

Иако Kotlin има интересни случаи на употреба, токму андроид апликациите ќе го извади на површина. Сега е веќе јазик на прво ниво за развој на андроид апликации. Со самото тоа што Google има огромна почит и поддршка кон јазикот, неговата раст и популарност несомнено ќе расте. Ќе биде интересно да се види дали Kotlin ќе го најде своето место во развојот на апликациите за претпријатија или не. 

Reactive Java

Реактивното програмирање не е ништо ново, но стана поважно од кога било. Обемот на податоци вртоглаво расте; се зголемува моќта на пресметувањето. Корисниците бараат интегритет на софтверот, брзи ажурирања и непрекината синхронизација. Обработката на многубројни настани претставува проблем за Back(end) за андроид. Време е да се префрлите на програмска парадигма каде што ќе го дефинирате изворот на податоците и корисниците на тие податоци. 

Првпат објавен во 2013 година, RxJava сè уште се користи доста активно до ден-денес. Тоа е реактивната екстензија (API за спроведување на реактивно програмирање) за JVM. Кога ќе го поврзете корисникот со изворот на податоци, RxJava ги носи податоците до корисникот. Оваа библиотека може да им помогне на програмерите да градат асинхрони, истовремени и издржливи апликации. Исто така, прави кодот да изгледа помалку гломазен, а поелегантен. 

Од микроуслуги до без сервери

Еден од најзначајните светски трендови во дизајнот на софтвер од 2018 година до денес е преминот од микросервиси во архитектура без сервери. Па така, и сегашните Java технологии не можеа да оддолеат. Дозволете ни да ве потсетиме. Архитектурата на микросервиси значи дека системот е модуларен и сите негови компоненти можат да се менуваат или независно да се заменат, без притоа да му наштетат на системот. Микросервисите остануваат популарен начин за градење сложени системи и се состојат од независни компоненти. Програмерите на Java наоѓаат начини да ги надминат сите недостатоци на микросервисите за да го извлечат максимумот од микросервисната архитектура на Java. Со оглед дека архитектура без сервер е понекогаш луксузно решение имајќи ги предвид трошоците за развој и одржување, ние сè уште не се откажуваме од микроуслугите.

Архитектурата без сервер значи дека можете да го изградите и распоредите кодот без да мора да ги конфигурирате основните сервери. Но, најдобриот дел за компјутинг без сервер е тоа што ги разложува модулите на делови помали од микросервисите. Ова овозможува речиси бесконечно скалирање. Исто така, тоа ниво на модуларност им дава шанса на програмерите да ги визуелизираат сложените процеси кои се одвиваат во нивниот софтвер, така што  е многу полесно да се подобрат перформансите, да се намалат тешкотиите па дури и да се донесат архитектонски одлуки. Со други зборови, пристапот на архитектура без сервер ви дава грануларна контрола врз архитектурата на решението и едноставна хоризонтална скалабилност.

Па, како да работите без сервер со Java? Два збора: AWS Lambda, компјутинг платформа без сервер. Сè што треба да направите е да креирате AWS Lambda Function и да имплементирате претходно дефиниран интерфејс.

AWS Јава контејнер без сервер

Java обвивката позната како aws-server-java-container  (верзија 1.7) ја олеснува работата со AWS Lambda.  Java контејнерот без сервер природно ја поддржува интеграцијата на прокси на API Gateway за Lambda со мапирања на барања и одговори. Исто така, можете да креирате мапирање на сопствени модели користејќи VTL. WS Gateway API ја започнува секоја Lambda како контејнер, а потоа ги преведува настаните на прокси на API Gateway во формат на барање што е прифатен од Lambda. 

Но, контејнерите имаат ограничувања на едно барање во исто време. Второ, колку е поголема апликацијата, толку е поголема латентноста. За да се избегне ова, отпечатокот на кодот треба да биде што е можно помал, со што е можно помалкy потребни зависности. 

Доколку сакате нешто попаметно, побарајте ги Service Blocks. Тие се клауд апликации кои и комбинираат предностите на микросервисите со скалабилноста на функциите без сервер. Основен сервисен блок се состои од Сервисно јадро и функции. Јадрото е апликацијата Spring Boot, и е одговорно за комуникација и испраќање настани до функции без сервер во еден блок. 

Data Science со Java

Речиси секаде може да користите Java, па така и обработката на податоци не е исклучок. Фактот дека Java e компилиран јазик со високи перформанси за општа употреба ја докажува поентата. Без разлика која популарна рамка ќе ја одберете, дали Hadoop или Apache Spark, има добро поддржан клиент на Java или имплементација со која ќе се работи. Да не ги споменуваме клиентите за сите видови на бази на податоци како SQL и NoSQL. 

Благодарение на големата заедница, постојат многу библиотеки за обработка на податоци и клауд компјутинг, како и машинско учење. Очигледно, чувањето на ELT кодот, обработката на податоци и машинското учење во еден екосистем е добра идеја.  

Се разбира, Java не е совршена. Бидејќи е програмски јазик со зборови, Java не одговара најдобро за R&D или статистички апликации. Тоа е причината зошто научниците за податоци избираат динамично напишани јазици како R и Python. Натпреварувањето со R е особено тешко бидејќи е создадено за статистика и истражување. И покрај тоа, Java успешно се користи во Data Science благодарение на сеприсутноста, перформансите и беспрекорната интеграција на кодот за data science во постоечко решение. 

Java ги максимизира своите ефекти врз јазиците за скриптирање

Не секој програмер е професионалец во Java програмирање, но ефектите на Java врз другите јазици се нешто што многумина од нив го искусуваат. Само помислете на огромниот број јазици кои сега се извршуваат на Java Virtual Machine. Различни, широко ценети јазици беа напишани со помош на Java, создадени или пренесени во JVM. Ова им овозможува да го користат богатиот Java екосистем. 

Програмерите на Java понекогаш избираат јазици за скриптирање како брзо и лесно решение за задачи како прототипови, алгоритми и математика. Тие се особено корисни кога треба да решите сложена задача во минимален број на чекори.

Помислете на Groovy, JRuby и Python. Овие популарни и цврсто интегрирани во Java јазици за скриптирање може да им помогнат на програмерите да ги вклучат скриптите кои првично биле напишани во Ruby или Python со Java библиотеки. Дополнителни информации и инспирација за JRuby може да добиете со успешните приказни на GitHub . 

Јава дојде чекор поблиску до јазиците за скриптирање со воведувањето на Java Specification Request (JSR) 223. Заедно со Java SE 6, која вклучува вградена поддршка за скриптирање, обезбедува стандарден интерфејс и API за интеракција со динамички јазици кои работат на платформата на Java. 

Развојот на Java го турка IoT кон успешна иднина

Друга ниша каде Java ја насочува групата е IoT. Според Анкетата за развивачи на IoT од фондацијата Eclipse , Java е омилен јазик за градење решенија за IoT. И идните трендови на Java го предвидуваат истото, поради неговата интероперабилност и преносливост. Сето тоа благодарение на JVM, бидејќи им дозволува на програмерите да пишуваат код локално, а потоа да го преместат на мали делови од хардверот како чипови. Јава е еден од најдобрите избори за клауд и портал од целата инфраструктура на IoT. Зарем не е погодно да се користи истиот екосистем за мерење, собирање и анализа на податоци? 

Во почетокот на 2019 година, Oracle ја ажурираше Java Card Платформата која овозможува безбедност за паметни картички и други апликации на уред со ограничена меморија. Верзијата 3.1 од платформата нуди зголемена поддршка за IoT уредите.

Заклучок

Постојат многу причини зошто Java продолжува да биде меѓу врвните технологии за бизнис и веб. Тоа е комбинација од едноставност и робусност, популарноста на андроид и веб-апликации, и се разбира, огромна, пријателска заедница. Не може да не се во право 10 милиони програмери.

Иако фундаментално нови Java технлогии нема да бидат воведени во скоро време, платформата цвета и нема намера да запре. Најновите Java технологииги ги следат светските трендови во дизајнот и развојот на софтвер. Ова вклучува реактивен развој, архитектура без сервер и data science. Подемот на JVM јазиците, пробивот на Kotlin и совршеното совпаѓање на Java и IoT инфраструктурата покажуваат дека Java нема да запре во иднина. 

Можеби сте забележале дека некои од трендовите на Java се преклопуваат со тенденциите од претходните години. Тоа не е ништо ново со оглед дека платформата на Java успева убаво да балансира помеѓу стабилноста и иновацијата, и продолжува да влијае врз остатокот на светот на програмирањето.

Во Symphony Solutions се грижиме за Java и секогаш сме желни да разговараме за модерната Java технологија. Проверете ги нашите отворени работни позиции во Java и не двоумете се да аплицирате! 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Solutions . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk