Хрватски инженери направија робот-пајак кој ќе ве научи електроника и програмирање

во Свет, Хардвер

Image courtesy of Stemi/Indigogo

Stemi е проект на група хрватски ентузијасти кои сакаат да пренесат своето знаење за електроника во училиштата. За оваа цел тимот Bure Znanja креираше робот-пајак со чија помош учениците на забавен начин ќе се запознаат со електрониката, роботиката и програмирањето. Роботот е инспириран од природата, а се управува со паметен телефон преку кој се овозможува промена на висината; има три типа на движење, комплексни движења и, се разбира, танц.

Креирањето на роботот е скап проект, па тимот побара краудфандинг поддршка преку Indiegogo кампања, која речиси извесно дека ќе биде успешна. За реализација на проектот се потребни 16.000 долари, а по два дена се собрани над 13.000 долари. Цената на еден робот во Indiegogo кампања е 235 долари, а покрај роботот тимот нуди и други интересни награди. Платформата ќе биде со отворен код, иако сите можат да се приклучат во краудфандинг кампањата во која се достапни елементите потребни за роботот.

https://c1.iggcdn.com/indiegogo-media-prod-cld/image/upload/c_limit,w_620/v1445796132/eg0jia88aa4lqotactck.png

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments