0 коментари 1 мин. читање

iPhone може да се користи како вага за мерење сливи, благодарение на 3D Touch

Се чини дека по користењето на iPhone како микроскоп за пронаоѓање на цревни паразити, но и употреба на телефонот за рана детекција на ракот, на ред дојдоа нови позабавни предизвици. 3D Touch е технологија која го мери допирот на екраните на телефоните, односно детектира дали притискате многу или малку врз екранот. Бидејќи може да ги препознае различните притисоци, технологијата беше искористена за да се претворат телефоните во ваги.

Еден пример е апликацијата Plum-O-Meter, изработена од FlexMonkey Towers, која мери која слива е најтешка од понудените. Апликацијата ја мери тежината во проценти од максималната дозволена сила за 3D Touch. Мала модификација која ја направи девелоперот Сту Сеп овозможува тежината да биде презентирана попрецизно. Иако „вагата“ не е апсолутно точна (бидејќи сензорот на iPhone не е подеднакво чувствителен на целиот екран, и според објаснувањето во блог пост, сензорот може да измери само овошје и зеленчук со мека лушпа, но има проблеми тврдото овошје); сепак е одличен експеритмент кој демонстрира дека идните мобилни апликации можат да бидат со малку поинтуитивен интерфејс и да го искористат Force Тouch, или неговата понова верзија 3D Touch.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top