Koи се придобивките од VoLTE? Разговараме со Гунтер Отендорфер, CTO на Telekom Austria Group

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа

Vip оператор планира да понуди VoLTE и VoWifi услуги, или говор преку 4G и Wifi, со кои ќе ја подобри комуникацијата и ќе понуди нови услуги. Новите 4G мрежи можат да пренесат поголеми пакети на податоци, и со тоа да гo подобрат квалитетот на разговорите, што ќе му помогне на седумгодишниот Vip да стане уште поконкурентен на македонскиот пазар. Разговараме со Гунтер Отендорфер, главниот технички директор на Telekom Austria Group (TAG), кој дојде во Македонија да ги презентира и да го надгледува тестирањето на VoLTE услугите.

„Со воведувањето на VoLTE корисниците ќе бидат во можност истовремено и паралелно да следат видео стриминг и да остварат разговор. Времето за воспоставување на повик ќе биде намалено на помалку од 2 секунди“, вели г. Отендорфер. „Она што го покажавме е дека имаме мрежна инфраструктура која е подготвена за VoLTE. Ова значи дека во иднина, секој кој има паметен телефон кој поддржува VoLTE и соодветен тарфиен модел ќе може да ја користи супериорната LTE податочна мрежа и за гласовни услуги и во Македонија“.

VoLTE уредите ќе бидат достапни во 2015-та година, најави г. Отендорфер. Но, за да почнат да се користат целосно ќе треба да помине некое време. Како и со досегашниве технологии, така и со овие услуги корисниците ќе мора да имаат соодветен модерен уред кој ќе може да се надгради со софтвер за поддршка на VоLTE и VoWifi. Поголемо влијание на VoLTE услугитe во TAG се очекува во 2016-та година, кога ќе има критична база на модерни телефони.

„VoLTE се смета како природна еволуција на телеком индустријата во следната генерација на поевтини и поспособни радио интерфејси. VoLTE ќе обезбеди подобар квалитет на звук и побрзо време за воспоставување на повик. Потоа VoWiFi ќе претставува екстензија на VoLTE во WiFi пристап, кој исто така не е 3GPP пристап“, вели г. Отендорфер. „Реалната пречка е придвижувањето кон NFV. Тоа е чекор кој засега се јавува главно скриено за корисниците – слично како што автомобилската индустрија се придвижи кон неколку платформи од кои произлезе развој на нови видови на автомобили. Ефектот на крајот беше поголем избор и поголема индивидуализација за корисникот. Очекуваме слична еволуција и во телекомуникациите кога виртуелизацијата ќе навлезе во нашето работење во голема мера“.

NVF, или Network Functions Virtualization, е стандардизација на технолошка платформа за виртуелизација на стандаризирани интерфејси и различни софтверски апликации, со кои се забрзува претставувањето на производите и поедноставна индивидуелизација, објаснува г. Отендорфер. Ваквиот принцип веќе се употребува во автомобилската и логистичката индустрија, и започнува да се користи и од телеком секторот.

„За телеком индустријата, NFV технологијата претставува промена на парагдимата која ќе има големо влијание врз телекомуникациската индустрија на глобално ниво во текот на наредните неколку години“.

Но, ако VoLTE е иднина на телеком индустријата, тогаш прашањето што се поставува е дали доцни индустријата? Viber, Facebook Messenger, What’s App и други апликации за инстант комуникација се третираат како „непријател“ на операторите бидејќи нудат бесплатни разговори. Всушност тие им ставија крај на SMS пораките; денес е полесно да напишете IM порака отколку да пратите SMS. И поевтино, бидејќи мобилниот интернет e се подостапен. Проблем за телекомите може да биде и што Европската Унија го укина роамингот, и инсистира на поевтина комуникација како еден начин да ја подобри економијата помеѓу земјите-членки. Што тогаш е одговорот на телеком индустријата за да останат профитабилни?

Одговорот на г. Отендорфер е дека телекомите се подготвени да ги прифатат овие нови паметни уреди кои им се корисни на корисниците, и се корисни и за операторите да понудат квалитетни интернет услуги.

„Не ги гледаме мобилните апликации како „непријатели“. Веруваме дека паметните телефони и другите поврзани уреди (таблет компјутери и преносните уред) се од значителен бенефит за нашите корисници, и им го олеснуваат животот, бидејќи им даваат повеќе можности да си го организираат дневниот бизнис и им нудат квантитет на информации и забава, што е надвор од традиционалниот начин на кој се користат медиумите.

„Ние како телеком оператори играме огромна улога бидејќи ги поврзуваме корисниците со ‘светот на забава, информации и податоци’. Како Telekom Austria Group нашата стратегија е да понудиме пристап до интернет преку фиксни и мобилни технологии – како едно-место-за-купување – за нашите приватни и бизнис корисници да им обезбедиме да користат различни интернет сервиси кои се корисни за сите приватни и бизнис цели. Бенефитот на фиксниот и мобилниот интернет се зголемува и бизнис моделите на телеком операторите ги имаат предвидено начините да го монетизираат тоа“.

Еден бенефит е овозможување на API за програмерите да развиваат апликации и услуги преку VoLTE и VoWifi платформата. Г. Отендорфер вели дека тоа е дел од визијата за иднината, да им се овозможи на трети странки да креираат сервиси врз нивната мрежа. Вели дека постои убедување дека со тоа ќе се отворат плетора на услуги кои што не биле земени во предвид до сега. Затоа и постои позитивен однос кон таквата еволуција бидејќи се покажа дека креативноста се зголемува кога има отворени платформи.

Telekom Austria Group започна да работи и на технолошки иновации како „Интернет на нештата“, односно паметни уреди кои комуницираат меѓу себе преку интернет, и веќе има обиди да се понудат Machine 2 Machinе (M2M) услуги во Србија. Овие услуги вклучуваат поврзување на домашните уреди за таканаречен „поврзан живот“ до услуги за поедноставно менаџирање на поврзани автомобили, индустриски машини и следење на логистиката.

„Интернет на нештата веќе ја надмина својата почетна фаза, и е најбрзо растечкиот сектор од целата ИКТ индустрија. Сигурноста и едноставноста на понудените решенија, паѓање на цените на нови технологии, развој на нови бизнис модели; сите овие се главни двигатели во овој развој. Во 2013-та година имаше над 165 милиони M2M безжични уреди, и се очекува овој број да надмине 490 милиони уреди во 2018-та година. Во однос на вакви M2M услуги, Telekom Austria Group oчекува приходите да пораснат за 100% од година за година, во следниот период“.

За крај го прашавме г. Отиндорфер, главниот технолошки директор на TAG, кои се неговите омилени паметни уреди, и кои се неговите омилени апликации кои ги користи секој ден.

„Еден од моите омилени паметни уреди е Pebble паметниот часвоник, кој ми прикажува информации директно на мојот зглоб. Најчесто е поврзан со мојот Samsung Galaxy Note 4 со процесор од осум јадра, и иако има голем екран можам да го контролирам со една рака. Ја користам и Samsung Virtual Private Network со која бизнис професиналнците можат безбедно да се поврзат директно до компаниските податоци, заштитени зад фајрвал, од било каде. Моите омилени апликации се Stepz, фитнес апликација што ви ги брои чекорите; Flipboard кој е агрегатор што ви презентира вести на генијален начин; и A1 TV, нашата мобилна TВ апликација во Австрија за гледање на телевизија“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
tinodj
tinodj
2 years ago

И 8 години подоцна, понудија?

...
...
9 years ago

па овие немаат крај со лагите