Skype сега може да преведе говор во реално време

1 коментар 1 мин. читање

Microsoft во 2012 година импресионираше на перзентацијата на својот преведувач. Сега компанијата го додаде прeводот во гласовните разговори на Skype. Преведувачот е презентиран на англиско-шпански разговор, што во моментов е и единствена достапна верзија, но наскоро пристигаат и нови јазици.

Станува збор за Skype Translator Preview функционалност која е додадена на Windows 8.1 и Windows 10 Preview верзијата на оперативниот систем. Станува збор за рана верзија на софтверот која се уште „учи“ и го подобрува преводот. Според најавата на Microsoft дури и најкусите разговори помагаат за подобрување на Skype Translator, кој во иднина ќе биде уште подобар.

Доколку сакате да го испробате Skype Translator, ќе мора да се пријавите за preview.

[youtube]G87pHe6mP0I[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед