Hewlett-Packard најави нов револуционерен оперативен систем, чиј прототипот ќе биде достапен веќе следната година. Оперативниот систем е потребен за новиот компјутер на HP, наречен The Machine. Ова ќе биде компјутер кој е значително поефикасен кога е електричната енергија во прашање, но и помоќен од сегашните компјутери. За остварување на ова Hewlett-Packard ќе ја замени сегашната компјутерска меморија со Memristor. Првиот прототип на The Machine треба да биде достапен во 2016 година, јави Technology Review.
Тоа што го разликува The Machine од останатите компјутери е меморијата, односно новиот HP ќе доаѓа со една меморија замена за RAM и за хард-диск. Ова ќе овозможи еднакво брз пристап до податоците кој во моментов се сместени во привремената меморија и податоците кои се сместени на хард-диск. Повикувањето на програмите од memristor е многу побрзо, а се овозможува и зачуваување на податоците кои се обработуваат дури и кога комјутерот е исклучен. Исклулувањето на потребата за префрлање на податоците од хард-диск во RAM ќе го намали времето потребно за пресметки и електирчната енергија која е потребна за овие пресметки.
Иако компјутерот е најавен за 2016 година, од Hewlett-Packard сакаат поголем простор за тестирање, па прототипот на оперативниот систем е најавен една година порано. Најавениот оперативен систем е базиран на Linux++. Hewlett-Packard десетина години експериментира со memristor меморијата, за жал веќе доцни со својот план за достапност на мморијата на пазарот. Оваа година и Microsoft излезе со идеја со која оперативниот систем ќе биде сместен во BIOS.
[youtube]e3LgLA0cj50[/youtube]