Google Web Designer доби поголема надоградба со алатки за анимација

во Веб, Совети

Пред околу една година Google го претстави Google Web Designer, бесплатна алатка за OS X, Windows и Linux, со која се креираат сајтови и реклами, за кои Google вели, дека се видени над 2,5 милијарди пати. Сега овој софтвер доби нова верзија со која се овозможува издавање на завршените реклами директно на DoubleClick Studio, а на овие реклами автоматски се додава код на кој се наоѓа профилот на креаторот, огласувачот и информации за кампањата.

AdWords сега поддржува HTML5 реклами, а рекламите кои се направени како флеш ќе бидат конвертирани во HTML5. Со цел за поедноставна соработка на поголеми проекти Google овозможи интеграција со Google Drive, со што работата полесно ќе може да се распредели. За корисниците сепак најинтересна ќе биде Timeline алатката која е преработена и овозможува опции за чистење на анимацијата, дидавање на „настани“ во временската рамка, и автоматско означување на фрејмовите. Додадени се и нови 3Д опции кои ќе ги направат анимациите поинтересни.

Како и досега алатката останува визуелна и едноставна за користење, а за напредните корисниците сè уште останува опцијата за CSS и JavaScript дотерување на анимациите.

[youtube]vTfJFf8f5eg[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments