Како продукт менаџер и експерт за корисничко искуство, Маргарет Гулд Стјуард помогна во развојот на сајтовите на YouТube, Google и Facebook кои секој ден имаат милијарди посетители и содржини кои се закачуваат секојдневно. Предизвикот за неа е креирањето на вакви огромни сајтови кои процесираат милијарда пребарувања секој ден; 500 часа видео се споделуваат на YouTube секоја минута; и на Facebook се споделуваат фотографии на 1,23 милијарди луѓе – што претставува речиси половина од интернет корисниците и една шесттина од светската популација.
Таа, во својот TED говор, тврди дека за креирање на вакви сервиси се неопходни две карактеристики – храброст и скромност. Храброст која е неопходна кога е во прашање верување дека креирате на услуга која ќе сака да ја користи целиот свет. Скромност која ќе им помогне на дизајнерите да сфатат дека не станува збор за нивното портфолио, туку за подобрување на животот на милиони кои ќе ја користат услугата. Таа вели дека клучот е во внимавање на деталите; вакви примери се промената на Facebook „Ми се допаѓа“-копчето, промените во начинот на оценување на Youtube видеата. Сепак клучно прашање кое мора да си го постават сите дизајнери е „За кого е наменет нашиот продукт?“.
[youtube]quJdL9ggETI[/youtube]








Abe facebook i vimavanje na detali sta da ti pricam.