Неодамна стартуваните страни за брендови на друштвената мрежа сега се прикажуваат и на резултатите од пребарувањето на Google.com.
Ова може да биде паметен потег на Google да ги заинтересира брендовите. Сега Google+ ќе стане мрежа која ги истакнува брендовите, нивните страни и промоции на најголемиот и најкористениот интернет пребарувач.
„Содржината од +Page, како што се најновите постови, ќе се појавува во анотации закачини до соодветните веб страни под линкот за сајтот на резултатите од пребарување, ако тој сајт е поврзан со Direct Connect.“, вели Google во изјава за Mashable. (Direct Connect e eкспериментална алатка за поврзување на Google+ профилите со официјалните страни за полесно пребарување).
Но, ова може да биде и потег кој ќе привлече и критики за неконкурентност. Во САД е веќе почната истрага Google дали фаворизира резултати откако претходно беа поднесени поплаки од конкуренти, а ова промовирање на својата друштвена мрежа пред другите може само да фрли поголема сенка врз работењето на гигантот.
Moментално во резултатите од пребарување се појавуваат Google+ страните на големи брендови како AT&T, Toyota, T-Mobile итн.








е веќе тука ќе биде интересно :)