3 коментари 1 мин. читање 21 декември, 2011

Tрите .мк оператори ќе добијат лиценца за 4G

Aгенцијата за електронски комуникации одлучи трите најголеми македонски оператори, One, Vip и T-Mobile ќе добијат лиценца за користење на 4G, пишува Alfa Tv.

4G е ознака за четвртата генерација на мобилните безжични стандарди, односно на технологија која овозможува брз интернет (до 100 Mbit/s) и пренос на податоци, a има и потенцијал за стримање на мултимедија, IP телефонија и подобри гејминг сервиси.

„Се прави регонална анализа во однос на претплатници и во однос на физибилноста на таа мрежа. Наскоро ќе искочиме со комерцијален податок и очекуваме веќе на почетокот на наредната година да ги доделиме лиценциите за 4G.”, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Непознат
Непознат
14 years ago

„Наскоро ќе искочиме со комерцијален податок“ – Искочиме?!?

Непознат
Непознат
14 years ago

Зошто им се лиценци за 4G. Па ние уште немаме 3G а овие ќе продаваат лиценци за понова технологија. Значи се покрие центарот во Скопје со 3Г и имаме покриеност од 98% во Македонија?

бране
бране
14 years ago

На еден дел од автопатот велес скопје нема 3г, а и во некои делови од велес, па морав да ставам да ми се менј автоматски 3г&2г кога што има :) Значи не е 98 % покриеност за македонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top