Google Chrome со нови функционалности за подобри перформанси

во Вести

Google Chrome  е познат по својата брзина, но доброто управување со меморијата и ресурсите на компјутерот никогаш не му биле јака страна. Сепак Google работи на подобра оптимизација на Chrome, и во последниот период ситуацијата не е како порано. Во оваа насока е и новата надградба на прелистувачот која ќе овозможи подобра работа.

Надградбата е наменета за десктоп корисниците и ќе им помогне преку нотификации или известувања за тоа како да ги подобрат перформансите на својот компјутер. Алатката идентификува потенцијални проблеми и го известува корисникот. Се наоѓа во десниот агол веднаш до „сликичката“ на корисникот. Тука ќе се јавуваат новите нотификации за проблеми со перформансите. Ако прелистувачот забележи проблеми со перформансите ќе понуди потенцијално решение за надминување на проблемот. На пример ако забележи дека некои табови трошат премногу ресурси и ова влијае на перформансите, може да понуди да ги деактивира овие табови.

Во февруари минатата година Google најави „Memory Saver“ и „Energy Saver“ функционалности кои помагаат за поштедлива работа. Сега Google најави дека ќе овозможи автоматско „напредно“ управување со „Memory Saver“. Корисникот ќе може да одбере помеѓу три понудени начини на управување со ресурсите: стандарден (standard), балансиран (balanced) и напреден (advanced).

Стандардното управување е во зависност од потребите на системот. Chrome ќе деактивира табови, кога нема да има доволно ресурси. Balanced е начинот на кој функционалноста работи и досега, и технологијата овозможува баланс помеѓу навиките на корисникот и ресурсите кои му се потребни на системот. „Напреден“ е нов начин за управување со ресурсите и корисникот може и сам да промени некои од нагодувањата.

Chrome овозможува подетално прилагодување на перформансите. Корисниците можат да изберат веб-страници кои секогаш ќе останат активни, како и да ги вклучат или исклучат визуелните индикатори за неактивни табови и потрошувачка на меморија

Двете надградби на Chrome ќе доаѓаат со Chrome 130 верзијата на прелистувачот, но барем засега не се широко достапни.

Како да ги активирате новите функционалности на Chrome

Како што споменавме, новите надградби сѐ уште не се широко достапни, но еве ги чекорите кои треба да ги направите за надградба на Chrome и за нивно активирање.

Најпрво, проверете дали ја имате најновата верзија на Chrome (верзија 130 или понова). Одете во менито и оттука одберете Help > About Google Chrome. Прелистувачот автоматски ќе провери и ќе ја инсталира најновата верзија ако е потребно.

Откако ќе го ажурирате Chrome, одете во Settings и оттука одете во Chrome Settings > Performance > Performance issue alerts. Оттука може да се активира или деактивира функционалноста која сугерира затворање на табови.

Во Settings > Performance > Memory Saver е „скриена“ оваа функција. Тука може да одберете еден од трите режими: „Стандарден,“ „Балансиран,“ или „Напреден“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk