1 коментар 2 мин. читање 21 декември, 2011

Facebook ќе прикажува реклами во стримот за вести

Друштвената мрежа најави дека од следната година, уште од јануари, Sponsored Stories ќе се појавуваат на на корисничкиот ѕид меѓу останатите вести од пријателите.

Sponsored Stories се друштвени реклами кои сега се прикажуваат од десната страна на корисничкиот ѕид. Првично претставени пред една година, тие не се традиционални визуелни веб реклами, туку функционираат така што ги следат и споделуваат интеракциите со пријателите со некој бренд. Пример, ако некој ваш пријател кликне Like на страна на бренд таа активност ќе биде промовирана од десната страна на вашиот ѕид, односно, од наредната година ќе биде вметната во стримот со вести.

Сите реклами кои ќе се појават во стримот ќе бидат означени како „Sponsored“, и наместо само една реклама од страна, сега ќе има можност Facebook да истурка повеќе вакви приказни и да ги направи популарни.

Спонзорирани приказни се појавуваат и во Ticker-от со активности, но претпоставувам дека ќе бидат само во стримот на вести за да не се повторуваат.

Многу корисници сигурно ќе се гневни заради Facebook-овото инситирирање на реклами, но всушност спонзорираните приказни и не се толку лош вид реклама бидејќи наликуваат на нормалните генерички вести што се објавуваат во фидот, па многу корисници нема да ги забележат, или пак ќе ги прифатат како активност на пријателот.

[youtube]ce3P79ktpTk[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Aleksandar
Aleksandar
14 years ago

uuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuu!

Мени
Заедница
Изглед
To top