Вработените во седиштето на Google во Калифорнија од мај можат да се возат со своите колеги благодарение на Waze. Апликацијата која е во тест фаза им овозможува на корисниците да споделат превоз, доколку се движат во ист правец. Сервисот накоро ќе им биде достапен на сите жители на Сан Франциско, јави Wall Street Journal.
Waze е сервис кој единствено ги спојува возачите и патниците кои се движат во ист правец. Цената која ќе се плаќа ќе биде минимална, па нема да постои опасност возачите да се претворат во такси превоз. Во тест фазата цената е 36 центи на километар, далеку поевтино од конкурентите.
Сервисот наликува дека ќе му биде кoнкурент на Uber, и иако несомнено ќе одземе дел од корисниците, Waze не е директен соперник на Lyft и Uber. Waze не заработува од превозот, а средствата се доволни за возачот да плати гориво. Услугата е повеќе начин за корисниците да можат да пронајдат превоз со своите колеги, отколку заработка.
Сервисот е повеќе конкурент на Tesla и планот за споделување на автомобили во „облакот“ отколку на такси превозот. Засега Waze не е конкурент на такси превозот, но тоа може да се промени во иднина, во зависност од насоката која ќе ја зацртаат. Uber пак има сличен сервис во Кина кој овомзожува корисниците да споделуваат превоз, доколку се движат во ист правец.
Споделувањето превоз не е воопшто нов концепт, дури и на локално ниво имаме неколку апликации која ја третираат баш оваа тема, како на пример ВозиМе.







