(Овој текст е поддржан од Vip, како дел од кампањата “#Заедно е подобро.”)
Денес e важно да се биде #заедно. Дали станува збор за заедничко работење што го знаеме како co-working, заедничко финансирање како crowdfunding, заедничкото живеење како co-living, или пак заедничко патување како co-driving. Токму заедничкиот превоз беше идејата зад Vozime.mk, нов македонски стартап основан од Анастас Петровски и Димитар Фуна од Битола кои дојдоа до идејата на стартап хакатон пред нешто повеќе од година дена.
Денес стартапот на својот сајт веќе има објавено 90 понуди за превоз, искористени од 280 луѓе кои #заедно поминаа 9.155 километри.
„Сакаме да креираме заедница која може да си дава оценки за секој возач и превоз, да се покаже дека сите можат заеднички да патуваат на различни дестинации“, вели Анастас. „Сакаме да покажеме дека во Македонија има придобивки од sharing economy, дека може да се искористи за заедничко добро“.

Димитар и Анастас, основачите на Vozime.mk
Целта на стартапот е да ги поврзе возачите кои имаат слободно место и патниците кои треба да стигнат до некоја дестинација. Во Македонија има голем број луѓе кои секој ден патуваат во друг град за работа или за студии, и тие можат заедно да си помогнат едни на други, да заштедат на време и на пари, дури и да бидат еколошки бидејќи ќе користат помалку возила. Тимот направи анкета од над стотина луѓе кои дадоа позитивен фидбек дека би користеле платформа за заедничко патување, иако треба уште работат на промоција на сервисот.
„Исто така, предност на заедничкото патување е дека може да запознаете и да се здружите со нови луѓе со кои би сакале да патувате, ако имате заеднички интерес, слушате иста музика или имате нови теми да разговарате“, вели Анастас.
Тој студира економски во Скопје, додека Димитар го завршува средното училиште во Битола. За изработката на страната добија помош од G6 Solutions, и засега немаат никаков проблем да работат заедно иако се во два различни градови.
„Технологијата ни овозможи да комуницираме од било каде, и во било кое време. Секогаш работиме заедно ако треба да се додаде нешто на сајтот, или да се направи маркетинг кампања на Facebook. #Заедно е многу полесно, отколку да го правиш тоа сам“.
Иако Vozime.mk е во бета фаза, дечките работат напорно да понудат нова поедноставен начин за регистрирање со телефонски број, кој нуди поголема безбедност бидејќи сите броеви во Македонија се регистрирани. Работат како да донесат повеќе популарни дестинации како заеднички патувања до летни одморалишта, до концерти и наскоро до фестивалот Exit.
Заедно сме повеќе, заедно – сите сме Vip! Содржините #Заедно се поддржани од Vip
[…] aplikacione tashmë ekzistojnë, por ndoshta më e rëndësishme është që qytetarët të fitojnë zakonin për të ndarë […]
[…] applications already exist , but perhaps more important for citizens to acquire the habit to share […]
[…] корисниците да споделат превоз. Вакви апликации веќе постојат, но можеби поважно е граѓаните да се здобијат со […]
[…] Споделувањето превоз не е воопшто нов концепт, дури и на локално ниво имаме неколку апликации која ја третираат баш оваа тема, како на пример ВозиМе. […]