Имате апликација? Пријавете се за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации

0 коментари 1 мин. читање

Имате апликација за паметни телефони? Метаморфозис ве повикува да ја пријавите за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации.

Во овој момент натпреварот е во прва фаза и се избираат најдобрите апликации на национално ниво. Станува збор за награди кои ги промовираат најдобрите мобилни апликации. Натпреварот е речиси без ограничување, иако апликациите мора да можат да бидат сместени во некоја од следниве категории:

  • Владино и граѓанско учество
    услуги, отворени податоци и демократско учество
  • Здравје и добросостојба
    здравствена грижа, спорт и животен стил
  • Учење и образование
    знаење, наука и вештини
  • Животна средина и зелена енергија
    клима, одржливи ресурси и земјоделие
  • Култура и туризам
    наследство, забава и субкултури
  • Паметни населби и урбанизација
    мобилност, работа и одржливо живеење
  • Бизнис и комерција
    иновациски сервиси, безбедност, финансии и маркетинг
  • Инклузија и еманципација
    диверзитет, род, правда и човечки права

Со оглед на спектарот на категории, речиси и не постои апликација која не би можела да биде пријавена за учество. Од најголема важност е апликациите да бидат од стратешка важност за развој на информатичкото општество, но и да се достапни за целните групи за кои се наменети.

Аплицирањето е отворено до 15. септември, по што започнува селектирањето и изборот на најдобрите.

https://youtu.be/e79sfSjdgiw

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед