Google го заменува Android Pay со Google Pay. Под новиот сервис ќе бидат достапни сите различни начини на исплата кои им се достапни на корисниците на Android Pay, пишува TechCrunch. Една од причините за промените е и желбата на Google да го направи еднакво искуството на Chrome и на телефоните во продавниците.
Заедно со ребрендирањето ќе бидат додадени и неколку нови функционалности. Новитет е Google Pay Send, кој е дел од Google Wallet и ќе овозможува испраќање и барање на пари.

Една од промените ќе им овозможи на корисниците лесно да се запознаат со локациите на кои може да го користат Google Pay. Апликацијата на „Home“ екранот ги прикажува продавниците каде може да го користат сервисот.
Девелоперите кои сакаат во своите апликациите да сместат Google Pay, можат тоа да го направат преку API.
Засега сервисот полека се воспоставува глобално. Секако, Македонија не е првата дестинација. Сервисите преку кој се бараат и испраќаат пари се достапни единствено во САД и Велика Британија. За превоз може да се плати на станиците во Лондон, Киев и Портланд.







