0 коментари 2 мин. читање 21 февруари, 2018

Сепак учете од хартија: Книгите се поефикасни при учење од е-книгите

Можеби ова и не е прeголемо изненадување, но обичните, хартиени книги се поефикасни за учење од е-книгите.

Е-книгите секако ја зголемуваат достапноста до некои изданија, но ова не е секогаш во корист на учениците. Резултатите од три различни истражувања покажуваат дека кога учењето е во прашање, хартијата е поефикасна од LCD-екранот.

Интересно, а и не баш добро, е што најголем дел од учениците ги претпочитаат дигиталните книги. Дополнително, читањето на овие книги е побрзо, а учениците сметаат дека подобро сфаќаат од овие книги.

За жал, ситуацијата е обратна, разбирањето на прочитаниот материјал е подобро од хартиени книги. Ова пред сѐ се однесува на деталите, бидејќи за основните прашање, речиси и да нема разлика, пренесе Business Insider.

Истражувачите успеаја да откријат и за кои задачи се подобри класичните книги. Ако барате одговор на точно и детално прашање, тогаш книгите се во предност, секако ова е целта на образованието, па електронските книги можеби и не се најпогодни.

Сепак се чини дека можеби не е медиумот, туку брзината на читање е одлучувачки фактор. Дел од учениците по префрлањето од хартиени книги на дигитални, всушност започнале повеќе да учат. Истражувачите оцениле дека овие ученици побавно читаат од екран отколку од хартија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top