Google е се поблиску да донесе интернет до непристапните краишта

во Свет

Google пред неколку недели започна со тестирање на Project Loon во Кампо Мајор, мало градче во непристапните делови на Бразил. Иако вообичаено во Камп Мајор нема интеренет, благодарение на Google, локалното училиште за прв пат со помош на WiFi балоните од Project Loon доби интернет пристап.

Првите резултати од тестовите се позитивни, што значи дека Project Loon е еден чекор поблиску до реализација. Тестовите во Бразил му овзоможија на тимот на Google да дознаат за однесување на балоните во различни временски услови од првичниете тестови во Нов Зеланд. Покрај ова овие тестови за прв пат ги тестираа балоните за пренос на LTE сигнал, што ќе овозможи директен интернет и за телефоните.

Google, Project Loon го започна како дел од X Lab и дел од moon-shot програма, по се изгледа дека ова е еден од проектите кои ќе успеат да бидат реализирани. Неодамна компанијата ги купи Titan Aerospace токму за ваква примена, компанијата последнава година го мапира и ветерот во различни локации во светот што би требало дополнително да помогне со летовите на балоните. Конечно компанијата најави креирање на сателитска мрежа составена од околу 180 сателити како дел од Project Loon.

[youtube]m96tYpEk1A[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk