Го тестиравме новиот 65 инчен ULED телевизор на Hisense, 65U8GQ [рецензија]

во Рецензии

Во соработка со локалната канцеларија на Gorenje, компанија која сега е во сопственост на кинескиот гигант Hisense, имавме можност две недели да го тестираме и рецензираме новиот, 65 инчен ULED телевизор на Hisense, моделот 65U8GQ.

Hisense е производител од Кина кој започнал како фабрика за производство на радио приемници во 1969, за да низ годините, почнувајќи од 1978, се прошири на глобално ниво и се фокусира на телевизори како примарно производство. На нашиот пазар, Hisense паметните телевизори се појавија во 2020-та година, а брендот, доколку не сте купувале клима, фрижидер или телевизор во минатите месеци, го имате сретнато и како еден од главните спонзори на EURO 2020, а наскоро и на EURO 2022.

Hisense произведува уреди под повеќе брендови, вклучувајќи го матичниот бренд Hisense, Toshiba (во 2017 го има преземено одделот за телевизори од Toshiba), Gorenje (купен во 2019), Sharp (купен во 2015), Kelon и Ronshen. А компанијата има и OEM (original equipment manufacturer) дивизија, што всушност произведува делови и опрема кои потоа се користат и продаваат како други брендови.

Првин да расчистиме: ULED vs. OLED

Не станува збор за печатна грешка во насловот или во видеото, навистина се мисли на ULED телевизор, а не на сега популарните OLED. Што е разликата?

Кај ULED телевизорите, се референцира технологија во поглед на целосниот систем на осветлување, боја, заситеност и други квалитети кои ја прават сликата, додека со OLED технологијата се дефинира технологијата од аспект на изворот на светлина, додека генерирањето на бои доаѓа од други системи. И ULED и OLED технологијата поддржуваат 4K, но доколку сакате телевизор кој ќе поддржи 8К резолуција (која искрено не би знаеле за што би ви била потребна, бидејќи во моментот тешко се наоѓаат содржини во 4К, а не пак дури во 8К резолуција, меѓутоа разбираме дека желба е желба :)) , тогаш опцијата ви е само OLED.

Она што е исто голема разлика и важно при дефинирање на овие две технологии е дека постојат повеќе производители кои произведуваат уреди со OLED дисплеј лиценцирајќи ја технологијата од компаниите Universal Display Corporation, Eastman Kodak, и Sumitomo Chemical, додека за ULED постои само еден производител кој е и сопственик на патентот, Hisense.

Ценовно, OLED телевизор тешко да пронајдете под цена од 1,000 евра, додека за ULED цените се подостапни, скоро 30-50% поевтини од цената за OLED.

Еве го официјалното соопштение на Hisense на темава.

Основни карактеристики

Моделот е 65 инчен ULED телевизор кој нуди 4К локална репродукција и 4К пренос на содржината со резолуција од 3840 на 2160 пиксели и максимум поддршка на фреквенција од 120 херци. Со сите овие акроними кои ги користат денешните брендови, би сакале да појасниме дека ULED (Ultra light-emitting diode) технологијата е всушност патентирана технологија на Hisense, а се разликува од популарната OLED со тоа што користи цел систем – и хардверски и софтверски – за оптимизација на сликата, додека OLED (Organic light-emitting diode) технологијата користи органски филм кој емитира светлина кога струјата поминиува низ него.

Уредот исто така поддржува HDR (ХА-ДЕ-ЕР) преку Dolby Vision како и HDR10+, а има интегриранa и звучна технологија Dolby Atmos.

Изгледот на овој модел е елегантен, со тенка алуминиумска рамка и заштитно стакло поставено пред самиот панел, што изгледа супер, меѓутоа во пракса може да се покаже како мал проблем за собирање на прашина во расцепот.   Држачот е металeн, со форма на латиничната буква V и стабилен ако се земе предвид дека држи телевизор кој е голем 145 на 91 сантиметри.

Позадинскиот дел од уредот е направен од цврста пластика во која на централниот дел се наоѓа отвор за сабвуферот,  а дополнителен звучник за предните канали се наоѓа на врвот на уредот. 

Оперативниот систем на уредот е базиран на платформата VIDAA – оперативен кој е развиен од страна на Hisense и нуди лесни прилагодувања. VIDAA доаѓа со однапред инсталирани апликации како YouTube, Netflix, Facebook Watch, и Rakuten TV. Може да се инсталираат и други популарни апликации, меѓутоа не и HBO.

UNBOXING Отпакување на Hisense ТВ 65U8GQ

Телевизорот доаѓа спакуван во стандардна кутија и е лесен за отпакување… но не и за транспорт. Имајте во предвид дека за отпакување и поставување на телевизорот се потребни двајца, сепак се работи за уред кој тежи 34 килограми.

Во кутијата има:

  1. Држач
  2. Делови за држач во два дела
  3. Далечински управувач
  4. Кабел за поврзување видео и стерео звук
  5. Кабел за напојување
  6. Шрафови за монтажа на држачите
  7. Батерии за далечинското
  8. Упатство и гаранција

За да го користите телевизорот, освен ако не го поставувате на ѕид со VESA држач со стандард 400 по 400, потребно е да го монтирате држачот за на комода – ќе ви треба само еден штрафцигер и неколку минути време. Откако ќе го составите самиот држач, прилично лесно се поставува и шрафи на задниот дел од телевизорот. И тоа е тоа!

Приклучоци

Телевизорот доаѓа со неколку приклучоци.

Во позадинскиот дел на конекторите, има:

  • Мрежен порт
  • Дигитален оптички аудио излез 
  • HDMI со поддршка за 4K на 60 Херци

Додека во страничниот дел има:

  • една USB два точка нула порта
  • Приклучоци за антена и сателит
  • Три HDMI  порти со поддршка за 4k на 60 Херци
  • Аудио приклучоци 
  • И една USB 3.0 порта

Кабелот за напојување се приклучува на спротивната страна од останатите конектори.

Прво стартување

Првото стартување на телевизорот е мошне брзо, за неколку секунди се прикажува менито за првично поставување, а на листата од јазици може да се избере и македонски јазик.

Мора да напоменеме дека користејќи го телевизорот забележавме на некои места очигледен лош превод на македонски јазик, на пример наместо “Боја по желба” или “Одбрана боја”, во менито стои САКАЛА БОЈА.

Првичниот сетап на уредот не е воопшто комплициран, во неколку чекори го комплетирате процесот со поврзување на мрежа и одбирање на земја. А она што ни беше интересно што моделот форсира активација на Wake-on-lan за да може да стартува побрзо, што всушност е супер опција ако имате паметен дом.

Моделот кој ние го тестиравме, за прв пат изваден од кутија, веднаш побара ажурирање на софтвер – процес кој одзема околу 10-тина минути зависно од вашата интернет конекција. 

65-U8-GQ телевизорот има IPS панел со квантум дот технологија и освежување на 120 херци (120Hz и MEMC), 4К резолуција и прилично добра софтверска оптимизација  на сликата. Дисплејот има 178 степени агол на видливост и 1200 спрема 1 контраст. Репродуцираната слика во комбинација со квантум дот колор технологијата нуди јаки и живописни бои, осветленост од 0.0005 до 1000 нити и функционалност за затемнување на области од екранот во цел опсег. Со активирање на опцијата SMART SCENE, софтверот на HiSense нуди и оптимизација на сликата со помош на вештачка интелигенција.

Со помош на оваа опција, софтверот врши автоматско препознавање на предметите и позадинско приспособување на каналите. 

Со контролите за оптимизација на снимки кои прикажуваат движење, овој уред ви овозможува да прилагодите искуство кое лично најмногу ќе ви одговара, што е од посебно значење за гејминг, спортски настани или пак филмови со многу движење.

Доколку барате уред исклучиво за гејминг, очекувајте мал лаг кај овој уред и покрај софтверските оптимизации кои се достапни, што и не е толку страшно доколку не сте професионален гејмер, или не ви се толку битни овие финеси.

Со помош на Dolby Vision и HDR10+ технологиите можете да добивате високореални слики преку проширување на длабочината на контрастот помеѓу најсветлите и најтемните нијанси, рамка по рамка.

А доколку сакате да уживате во филм, телевизорот ќе го подржи тоа искуство преку IMAX опцијата со која ќе добиете автоматска оптимизација на звук, боите, осветленоста и контрастот.

Одличен звук за евтини пари

Пријатно се изненадивме кога го тестиравме звукот на овој уред. На поприлично едноставен мултиканален два 2.1.2, звукот беше доста добар. Телевизорот има четири десет-ватни канали појачани со бас од дваесет-ватниот  вуфер.

Сето тоа е оптимизирано со помош на Dolby Atmos технологијата. Софтверски има повеќе опции за подесување на звукот како однапред конфигурирани опции за филм, музика, говор и сл… а се нуди и опција за појачување на басот како и понапредно контролирање на звукот. 

Какво е далечинското?

Далечинскиот управувач, кој има вградена опција за гласовна контрола, е изработен од алуминиум и генерално практичен за користење.

Од дизајнерска гледна точка, белите копчиња на долните апликации се доста агресивни и многу подобри би биле во црна опција, меѓутоа тоа не е реален фактор кој треба да го имате многу предвид при избор на ТВ… освен ако не сте UX или веб дизајнер.

Што мислиме ние за овој телевизор?

Нашето општо искуство и мал скептицизам со кинески производители дека истите истите се главно фокусирани на хардвер наместо на софтвер и корисничко искуство (читај: купи Шаоми брате“) се покажа како точно и со овој бренд, меѓутоа не толку значително.

Лошите преводи, малите грешки при поврзување со трети апликации и општо целото корисничко искуство се поправаат само со една добра надградба на софтверот откако Hisense ќе ги среди баговите. 

Од аспект на хардвер, особено земајќи го факторот цена-перформанси, ова е одличен телевизор кој нуди голем број на опции.

Препорачаната малопродажна цена на овој уред е 75.999 до 80.000 денари (иако со некои лојални програми во одредени продавници може да се пронајде и за 54.999, или 65.000 денари), што споредбено со конкурентните телевизори во овој сегмент, е евтино. Важно е да се напомене и дека Hisense нуди пет годишна гаранција (за која е потребна регистрација кај нив на сајтот).

Сѐ на сѐ, овој телевизор на Hisense, награден од асоцијацијата EISA (Expert Imaging and Sound Association) како еден од најдобрите телевизори во категоријата фамилијарни телевизори е добар избор за сите оние кои сакаат нов, модерен и голем телевизор со супер слика и одличен звук, а кои можат да направат компромис за ситни софтверски грешки… да го добијат сето тоа а да не потрошат повеќе од 80 000 денари за таа намена.

Практично, гледајќи на цена/перформанси, ова е добар паметен телевизор кој вреди да се погледне, ако не целите кон OLED телевизорите со скоро дупла поголема цена.

Линк до видео рецензијата на YouTube


Напомена: Видеото е спонзорирано од Hisense/Gorenje, меѓутоа ставовите во рецензијата се на IT.mk редакцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Добро изгледа, мислев дека има 150 маани искрено ама и на rtings е супер, само за viewing angles зборат како недостаток.

одговори Лајк

Ова е платена рецензија?

одговори Лајк

Ова е платена рецензија?

Има на крај на текстот:
Видеото е спонзорирано од Hisense/Gorenje, меѓутоа ставовите во рецензијата се на IT.mk редакцијата.

одговори Лајк

Одлична новина, ако можете продолжете со рецензии, само неспонзорирани. Еве пример 43 инчен Сони од Галерија, но со твист користење на тв како 60 херцен монитор, ако можете секако добро е да има и споредба со сличен модел како 43 инчен ЛГ Нано.

одговори 2 лајкови

види цела содржина...

Искуство o_O

Членов купил - ќе чекаме од него да каже !

одговори Лајк

види цела содржина...

Добро изгледа, мислев дека има 150 маани искрено ама и на rtings е супер, само за viewing angles зборат како недостаток.

За овој ТВ нема рецензија на rtings. Најверојатно го имаш измешано со U8G. U8G е далеку подобар од U8GQ, затоа и се такви оценките на rtings. Најголемата разлика е во панелот. Овој користи IPS панел, а U8G користи VA, што е огромна разлика. Друго овој нема ХДМИ 2.1 порти и инпут лагот е доста повисок од U8G. Многу е безвезе што Хисенсе не го продаваат истиот U8G како во USA, зашто тој модел се споредува со Sony x90j, а е со доста пониска цена. Како и да е, за кај нас многу подобра опција е Sony x90h за слична цена.

Овој модел е дури полош и од ланскиот Хисенсе U8QF. Типов прави добра споредба тука:

View: https://youtu.be/dtni3HN5OWg

П.С. Баш аголот на гледање не е недостаток на овој модел зашто е IPS панел, т.е. како што е спомнато во самиот пост има 180 степени агол на гледање.

одговори 6 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments