Гледајте во живо како астероидот MP-2012DA14 ќе ја промаши Земјата

во Свет

Астероидот MP-2012DA14 денес ќе помине на 27.250 километри од Земјата. Астероидот може да се види и со помош на аматерски телескоп, но доколку немате телескоп има  неколку локации на интернет кои ќе овозможат следење во живо.

Една од страните кои го овозможува ова ќе биде страната на NASA, а ќе зaпочне со следење во 20.00 часот и ќе трае неколку часови. Следењето на астероидот ќе биде преку неколку локации во Австралија и Европа. Покрај страната на NASA „пренос во живо“ ќе има и преку Baraket опсерваторијата од Израел кои ќе испраќаат слики од астероидот. Стримот ќе почне окoлу 19.00 по македонско време и ќе трае околу три часа. Во овој период опсерваторијата на секој 30-60 секунди ќе ги реажурира сликите. Virtual Telescope Project од Италија ќе го започне следењето по 22.00 часот.

Конечно Slooh ќе го започне следењето на астероидот кога тој ќе се оддалечува од земјата. Програмата на Slooh ќе биде проследена со коментар на астрономите Пол Кокс и Боб Берман.

[youtube]YszXDkE1ATg[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments