1 коментар 1 мин. читање

Oригиналниот Photoshop сега е бесплатен, Adobe го објави и изворниот код

Adobe започна бесплатно да го нуди Photoshop! За жал станува збор само за првата итерација на софтверот за обработка на слики – Photoshop 1.0 кој е стар над 23 години, но „интересно Photoshop 1 во 1990-та e далеку помоќен од Microsoft Paint во 2013-та“, пишува The Next Web.

Adobe во соработка со Computer History Museum го објави и  изворниот код за популарната алатка, кој можете да го преземете од официјалната страна на музејот. Mузејот ги објави и  упатството за корисници и туторијалот за оваа верзија.

Првиот Photoshop е изработен од Томас и Џон Кнол кој започнале со изработка во 1987 година. Првата замисла била тоа да биде софтвер за манипулација со слики кои се дигитализирани преку скенирање. Photoshop 1.0.1 e издаден три години подоцна во 1990 година од Adobe.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top