Неодамна, пишувавме за трите клучни причини поради кои сега е одлично време да се провери X4: Foundations! Се работи за комплексна вселенска игра која мајсторски ги постави темелите и даде цврста основа за години и години супериорни надополнувања. Иако играта е излезена уште во 2018 година, развојното студио Egosoft никако не крева раце од неа и константно ги опсипува фановите со бесплатни и платежни надополнувања. X4: Foundations има пет силни додатоци; последното од нив – Timelines – излезе пред неполн месец дена. Но, во овој текст, се враќаме во 2020, односно 2021 и ги разгледуваме на кратко првите две DLC-а за играта.
X4: Split Vendetta – излезено на 31 март 2020 година, 81% позитивни рецензии на Steam
Вселенска одмазда
Пред добри четири години, првото DLC излезе паралелно со третото надополнување за играта. Од една страна, бесплатното 3.0 надополнување ги воведе долго-посакуваните дипломаптски мисии, неколку нови туторијали за подобро запознавање со играта, како и бројни нови оружја, сектори, но и подобрени гејмплеј елементи и исправки. Фановите беа импресионирани од “A lever to move the worlds” дипломатските мисии, новите вселенски бродови, како и можноста да истражувате и освојувате целосно нови сектори.
Од друга страна, платежното DLC, насловено како X4: Split Vendetta значително ја прошири основната игра така што воведе два нови кланови, нови вселенски бродови, оружја и модули за станици. Воведувањето на Split технологијата со оружјата се покажа како вистински погодок, а многумина беа позитивно изненадени од значителното проширување на универзумот и бројните мисии и авантури.
X4: Cradle of Humanity – излезено на 16 март 2021 година, 82% позитивни рецензии на Steam
Првото DLC олично го поплоча патот за стабилен урнек за сите понатамошни додатоци. Година дена подоцна излезе четвртото значајно надополнување заедно со X4: Cradle of Humanity!
Сите сопственици на основната игра добија целосно нови гејмплеј механики, како можноста за тераформирање на планетите, нови можности за справување со непријателите, подобрена контрола на флотите и, верувале-или-не, долго-посакуваната опција за автоматско исфрлување од вселенскиот брот во случај на опасност. Паралелно со ова, од техничка гледна точка, енџинот стана разубавен со нови ефекти на магла, подобрени астероиди, и пореалистични ефекти при контакти со вашиот штит.
Самата платежна експанзија, меѓутоа, се враќа на корените и ви дозволува да истражувате целосно нови сектори околу планетата Земја. Проширување на универзумот во нашиот соларен систем беше една од најпосакуваните опции во X4 серијалот и фановите конечно ја добија можноста да го им посакаат добредојде на две Terran фракции и интимно да се запознаат со нивните економии, вселенски бродови, оружја и станици. Сите овие работи се извајани во слоеви од целосно нова приказна, нови авантури и, на времето, впечатливи меѓу-секвенци.
X4: Foundations e огромна и, пред се, одлична вселенска симулација. Но, не е игра за сите, особено доколку немате време да се посветите на часови и часови длабоки активности со истражување огромни сектори и справување со најразлични фракции. Но, доколку поминавте низ основната игра, едниот додаток е како шлаг на врвот на тортата, а другиот е како цреша на врвот на шлагот. Сакаме да кажеме дека се одлични и дека не би требало да ги заобиколите. :)