Како што е редот, вчера во вторник со почеток од 22 часот, се емитуваше новата епизода од емисијата за игри GG.mk. Гораст, Бобан, Наум и Данко повторно отворија интересни дискусии за различни игри, уреди и е-спортот. Првата игра која ја рецензираа беше Lords of the Fallen која изгледа фантастично, и која доби пофалба од сите четворица. Но, кога дојде Civilization Beyond Earth на ред да се рецензира, се чини дека се поделија во два табори – Данко и Бобан се фасцинирани од серијалот на Сид Маер, додека Гораст едноставно не сфаќаше како овие „игри за дедовци“ се интересни. Покрај двете игри се разговараше и за Nexus 6, Wii U, Bayonneta и Outland.
[youtube]0scXj5Doo2Y[/youtube]







