ИТ Настан: Подгответе се за Global Game Jam Macedonia

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Гејм дизајнери, 2Д артисти, програмери и девелопери, дизајнери на звук, 3Д моделери, раскажувачи и писатели, подгответе се за уште еден Global Game Jam. Настанот оваа година ќе се одржи онлајн, а како и досега го организира Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА).

Global Game Jam е најголемиот светски хакатон за развој на видеоигри. Во Македонија настанот ќе се одржи деветта година по ред. Вообичаено Македонија е во врвот на листата на направени игри според бројот на жители. За организацијата на Global Game Jam зборувавме со Гораст Цветковски, тој е еден од основачите на МАГДА и дел од организаторите на секој GGJМ досега.

Ова е деветта година на GGJМ. Неверојатно како во моментот кога го пишуваме ова се чини како завчера да беше првата година кога не знаевме што воопшто е Гејмџем. Интересно е што бројката на учесници и интересот беше огромен од самиот почеток. Во последните 3 години бројката стигна до 150 учесници. Варираат по некоја десетка плус или минус, но секогаш е тука околу.

Интересно е и што без разлика на тоа колку учесници има, секогаш бројката на игри која излегува од нашиот џем е над 20. Неколку години по ред сме и во првите 5 земји во светот на направени игри според број на жители, а тоа се должи на бројот на учесници, условите во кои работат и поддршката од ИТ заедницата.

Како ќе се одржи оваа година и кога започнува?

Оваа година е првиот (и се надеваме последен) принуден онлајн GGJM. Разликата е во тоа освен што е онлајн, очигледно, оваа година трае и подолго, темата ќе биде достапна порано, луѓето ќе може да се вклучат и од други земји, комуникацијата ќе биде на Discord…

По ред… #GGJM21 трае од 27-ми до 31-ви јануари 2021. Имаше опција повторно да трае 24 часа, но зошто да не ја искористиме оваа новина и да се пробаме вака. Во 4 дена нема толкав притисок, кој од една страна е напорен и стресен, но од друга страна буди нитро луѓе кои работат екстра продуктивно и брзо. Ќе видиме како ќе биде овој пат. 

Темата нема да се „крие“ до последен момент туку ќе биде достапна еден ден порано. Ова е затоа што има луѓе кои ќе сакаат да учествуваат во џемови на друга локација, па доколку некој од Нов Зеланд сака да работи со нас, ќе мора да ја знае темата со време.

Комуникацијата ќе биде на Discord серверот на МАГДА (https://discord.gg/P3TvBqfbZp), но претходно пријавувањето е стандардно за цела Македонија на официјалната страна на Глобал Гејмџем https://globalgamejam.org/2021/jam-sites/GGJMacedonia-2021.

Овој пат цела Македонија доаѓа на едно место што дополнително го прави овој настан возбудлив. 

Со оглед на тоа дека ова е единствениот настан со континуитет на кој се развиваат видеоигри кај нас, колку беше важно да го организирате во вонредни услови?

Многу беше лесно да се откаже настанот, да се прескокне, да се паузира. Многу е полесно нешто да се прекине отколку да се креира. Затоа решивме дека оваа година #ГГЈМ21 е најпотребен. Секаква дополнителна активност на луѓето на кои фокусот претежно им се врти околу 2-3 работи, е добредојдена.

Има повеќе онлајн хакатони во светот, многу, но ниту еден не е голем колку Глобал Гејмџем. Затоа е ова уште една дополнителна можност да провериме што би значело тоа во онлајн варијанта.

Кои се специфични предизвици во организација на онлајн Global Game Jam?

Организацијата може да се сведе на предефиниран шаблон од обврски, но со оглед на тоа што работите во гејминг индустријата вратоломно се менуваат така и принципот на #ГГЈМ21 се менува.

Секоја година гледаме да им направиме на учесниците нешто кое е различни и кое е актуелно во моментот. Дали тоа биле игри, предавачи, ментори или некоја друга занимација, секогаш е важно да се остане свеж. За среќа тука ги имаме поддржувачите и спонзорите на #ГГЈМ кои секоја година се впуштаат на оваа вртелешка знаејќи дека едни без други само ќе си отежниме..

Global Game Jam има специфичен дух, што најмногу ќе ти/ви недостасува од настанот со физичко присуство?

Глобал гејмџем е замислен како настан во живо и главната поента, главната идеја, идејата за нетворкинг во живо, колаборација, дружење, запознавање нови луѓе делумно се губи со конверзијата во онлајн случување, но да не заборавиме дека голем број од нас своите животни пријатели ги имаат запознаено токму преку игрици на интернет, чат програми и други интернет глупоштии кои во одреден момент делувале несериозно.

Затоа е важно и овој пат #GGJM21 да застане цврсто на своите постулати, да направи сè што може да направи за сите љубители на игрите, сите пасионирани развивачи на игри, сите основци кои играат Fortnite вриштејќи по дома, сите среднисти кои се собираат за Warzone после часови, сите татковци кои седнуваат да свртат една DotA2 откако ќе им заспијат децата, сите ИТ професионалци кои сакаат да запознаат некој исто така пасиониран љубител на игри, цртач, 3Д моделер, писател, саунд дизајнер, мрчатор… да им овозможи простор, време и насока за работа.

Нешто дополнително што би сакале да додадете?

Овој пат имаме повеќе ментори кои ќе бидат достапни во текот на сите четири дена. Ќе има посебни соби и гласовни канали за менторирање, разглобување проблеми, помош при работа како и совети од едни на други.

Со оглед на тоа што оваа година немаме трошоци за логистика, решивме тие средства да ги насочиме во стимулирање на учесниците. Овој пат имаме 300, 200 и 100 евра за првите три тимови, но воведовме и дополнителни награди за најдобриот 2Д арт, 3Д модел, саунд дизајн, техничка подготвеност како и некои други кои ќе се гласаат од публиката. Победниците од сите овие категории ќе добијат ваучери за игрици на платформа по свој избор. 

Се на се не очекува возбудлив настан. Настан за кој искрено доста работи не ни се познати, но тоа го прави и посебен и едвај чекаме да дојде. 

Повеќе информации за настанот побарајте во Facebook групата Global Game Jam Macedonia 2021.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments