Проширената релност може значително да олесни некои работи кои денес се прилично трапави. Објаснување како работи некоја машинерија или изглед на некој предмет, далеку поедноставно може да се презентираат преку слика, а главна причина за ова е што луѓето подобро ги разбираат и подобро ги добиваат податоците визуелно, и тоа далеку подобро во три димензии, отколку во две. Ова се дел од размислувањата на Гаја Демпси, на најавата за Future of Storytelling.
„Во иднина проширената реалност ќе биде секаде околу нас, за неколку години ќе биде нешто без кое нема да можеме да го замислиме светот,“ вели Гаја Демпси. „Многу индустрии забележуваат дека бројот на експерти се намалува, а бројот на продукти се зголемува, затоа многу е важно клучните информации да стигнат до вистинските луѓе“.







